ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.05.2022
Каде има најчист воздух во светот, а каде најзагаден?
Автор: Goce Author

Загадувањето на воздухот се смета за најголема еколошка закана, што доведува до 7 милиони смртни случаи годишно и други респираторни проблеми како што се астма и рак на белите дробови. Изложеноста на PM2.5 го зголемува и ризикот од заразување со КОВИД-19 и од добивање на потешки симптоми .

Photo Unsplash

Според студијата спроведена од IQAir, швајцарска технолошка компанија за загадување која го следи квалитетот на воздухот, Бангладеш се смета за  најзагадената земја, додека Њу Делхи, Индија, е најзагадениот главен град во светот.

Фактори кои влијаат на загадувањето на воздухот во САД се шумските пожари и зависноста од фосилните горива, се вели во извештајот за квалитетот на воздухот. Во САД, градот со најголемо загадување е Лос Анџелес.

Заедниците со пониски приходи се оние кои трпат најмногу оптоварувања од загадувањето на воздухот, се вели во резимето на извештајот на IQAir.

Топ 10 земји со најзагаден воздух се :

  1. Бангладеш
  2. Чад
  3. Пакистан
  4. Таџикистан
  5. Индија
  6. Оман
  7. Киргистан
  8. Бахреин
  9. Ирак
  10. Непал

Додека пак , топ 10 земји кои се сметаат дека го имаат најчистиот воздух се:

  1. Нова Каледонија
  2. Американски Девствени Острови
  3. Порторико
  4. Кејп Верде
  5. Саба
  6. Финска
  7. Гренада
  8. Бахамите
  9. Австралија
  10. Естонија
проф. д-р Ивица Смоковски: Дијабетесот е пандемија со многу засегнати лица
Воздухот значително загаден и во градинките и школите