
Ректорската управа на УГД донесе одлука наставата во академската година мкоја започнува за еден месец да се одвива со физичко присуство, со можност таму каде е потребно да има и онлајн настава.

Наставата на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип во учебната 2022/23 година ќе се одвива на хибриден начин (комбинација на онлајн настава и изведување настава со физичко присуство). На некои единици каде групите за настава се релативно мали изведувањето на наставата може да биде и во потполност со физичко присуство.
Оваа Одлука на Ректорската управа на УГД е донесена врз основа на искуството од изминатите семестри од кога почна спроведувањето на онлајн наставата, моменталната ситуација со пандемијата и препораките од надлежните институции.
Вежбите, колоквиумите и испитите ќе се спроведуваат со физичко присуство.
Другите форми на континуирана проверка на знаењето и одбраните на дипломски, магистерски и докторски трудови за студенти ќе се организира со физичко присуство со спроведување на оснопвните заштитни мерки и од страна на наставниот кадар и од студентите.
Професор Дејан Мираковски е новиот ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“
Моменталната здравствена ситуација покажува намален број со ново заразени, а нема ниту ограничувања и препораки од Владата. Во текот на семестарот ќе се следат препораките од надлежните институции, и во зависност од тие препораки и ситуацијата со пандемијата, ќе се носат одлуки за евентуални промени, односно наставата да се организира хибридно или онлајн.