ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
06.12.2023
Како би поминале на ПИСА тестирањето – ова се прашањата од последното истражување
Автор: Goce Author

Писа тестирањето покажува каде се наоѓаат со знаењата македонските ученици во однос на учениците од другите земји на ОЕЦД. Оддалеченост на планетите во Сончевиот Систем, економичност на автомобил, просек на поени на кошаркарски меч, полнење на кутии во камион за селидба… Ова се дел од прашањата по математика од најновото ПИСА 2022 тестирање, кои беа поставувани на 15-годишници од 81 држава и територија низ светот, меѓу кои и во Северна Македонија.

Во задачите од учениците се бара да прочитаат одреден текст, или да проанализираат податоци, а потоа од нив се очекува да дадат одговори на поставени прашања. Дел од задачите се едноставни, но има и дел кои се навистина комплексни и бараат од учениците да го решат проблемот преку употреба на повеќе математички области.

Задачите по математика од ПИСА 2022 може да се најдат на македонски или албански јазик следниов ЛИНК и може да се решаваат преку вашиот интернет пребарувач.

На последното ПИСА тестирање, македонските средношколци повторно се најдоа во групата држави кои покажуваат најлоши резултати во математика, читање и природни науки.

Од вкупно 81 држави, провинции и територии кои беа вклучени во минатогодишното тестирање, С. Македонија се најде на 62 место во математика, на 72 место во читање и на 69 место по наука. Учениците по математика имале просечни 389 поени (просекот на ОЕЦД изнесува 472), по читање забележале 389 поени (просек на ОЕЦД е 476), а по наука постигнале 380 поени (просек на ОЕЦД е 489 поени).

Целосниот текст најдете го на Радио МОФ

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?