ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.06.2022
Како библиотекар може да промени животи?

Наташа Наумоска од Кичево, која денес има напишано 18 книги, се сеќава дека како дете нејзината љубов кон книгата ја поттикнал библиотекарот во нејзиното училиште и дал правец на нејзиниот живот денес.

Наташа Наумовска

„Во училишната библиотека на училиштето ,,Слобода” во с. Другово, бев редовен посетител. Со радост ме пречекуваше и со насмевка ми ја подаваше книгата за читање тогашниот, сега веќе покоен библиотекар, Петко. Можам слободно да кажам дека уште тогаш се роди љубовта кон пишаниот збор, од сите тие книги што ги читав, кои скриваа свои светови и ми овозможуваа да патувам со мислите, да размислувам, да сонувам, да созревам и полека да се изградам како личност.“, вели Наташа.

Дел од книгите на Наташа

Професијата „библиотекар“ е многу повеќе од подавање книга во библиотека. Во случајот на Наташа и многу други случаи токму овој човек може да го промени животот на младите личности.

„Библиотекарот развива љубов кон книгата, го потикнува читањето, ги воспитува корисниците за правилен однос кон книгата, ги запознава со организацијата и функционирањето на библиотеката и како да се стане член. Исто така ги запознава и со книжниот фонд и врши набавка согласно потребите на своите корисници.“ , вели Соња Манева, професор по одделенска настава и вработена во библиотеката НУ-УБ „Гоце Делчев“- Штип.

Соња Манева

Соња е вработена во во НУ-УБ „Гоце Делчев“- Штип во  Одделение – Комплетирање и техничка обработка на библиотечниот материјал и меѓународна размена. Покрај обврската за набавка на книги, одделението има обврски и околу организирање и планирање на промотивен материјал за библиотеката, продажба на книги и сувенири и сл. Нејзината цел е што повеќе да ги доближи читателите до пишаниот збор.

Во библиотеката често се организирааат голем број на промоции на книги, саеми на книги, разни  книжевни работилници на која главна тема е книгата.

„Многу редовни членови и учесници во разни промоции сега се автори на дела кои ние ги промовираме.“, вели Соња.

Еден таков автор е Милена Милорадова, која што благодарение на дадената поддршка и љубов од сестра и и вработените во библиотеката го засакала пишаниот збор. Оваа девојка твори и наскоро треба да има промоција на новата книга „Шаренолики воздишки.“

„Можам да кажам дека вработените во библиотеката се главните „виновници“  за убавите прочитани книги, зашто секогаш добивав сугестии за добро парче книга. Со нивните распишани конкурси, со нивните  организирани манифестации, промоции ми вдахнаа поголема инсипирација и мотивација.“, вели Милена Милорадова.

Милена Милорадова

Иако доста различни во годините, овие две писателки имаат една заедничка особина, љубовта кон пишаниот збор ја добиле благодарение на библиотеките во нивното место на живеење.

Наташа е најмногу ужива кога пишува поезија, па со својата книга „Нарцисоидниот нарцис“ ја добила наградата „Поетско слово“ при поетското здружение за наука и култура НОВА од Битола во 2017 година. Истата стихозбирка била прогласена за книга на месецот за месец ноември на сајтот Македоника, истата година.

Милена денес е на почетокот на својата авторска кариера, а воедно и млад добитник на бројни награди за литература, дел од кои во организација на библиотеки.

Милена учи медицина, а Наташа е вработена како отправник на возови во Македонски железници. Пишувањето и творењето е она што ги релаксира во слободно време.

Топ 10 најчитани книги во светот

Овие две дами, ја посетувале библиотеката од мали нозе, но и сега не е многу поразлично.

Библиотекарите најчесто можат да влијаат на најмладите. Често се случува да се роди љубовта за книгата токму во библиотеките, затоа тие организираат многу настани на кои се поканети најмладите.

„Навиките за читање и љубов кон книгата започнува уште од најмала возраст. Затоа постојано организираме и реализираме активности со кои ја приближуваме книгата до нив и создаваме навики за почеста посета на библиотеката., вели Соња.

Навидум работа во која што треба да редите книги и да ги прашувате читателите каква книга сакаат, но сепак не е така.

Библиотекарот треба да е пријатна личност со добри комуникативи способности кој знае да воспостави добар педагошки однос со учениците. Тоа е личност која е подготвена тимски да работи и да ја развива библиотеката. Треба да има вештини за користење на информации, познавање на информациската технологија и поседување практични знаења во таа област. Секако мора се континуирано да се  усовршува се со цел неговата работа да се прилагоди на постојаните промени во општество.

Судбината на штипската болница ќе се знае во октомври/ноември – министерството подготвува документација
Локалните радиостаници во Македонија пред голем предизвик