Кога не сме организирани, дури и барањето на џемпер за да излеземе од дома ни изгледа како најголемиот предизвик во светот. Организираноста помага да си поставиме точки кои ќе треба да ги исполниме за да добиеме целосно продуктивен ден без нервоза. Прочитајте кои се нашите совети:
Организирање во училиште
Планерите може да бидат што вие сакате, од тетратка до телефон, изборот е ваш. Запишете си ги сите обврски кои ги имате добиено, важни датуми кои не сакате да ги заборавите и настани на кои треба да присуствувате.
Секогаш запишете си временски рок за завршување на сите задачи кои ги имате. Така ќе се збогувате со мултитаскингот кој е непријател на организацијата и ќе завршите се во предвиденото време, наместо да започнете повеќе работи одеднаш и да не завршите ништо.
Кога сте дома и имате биро полно со листови, книги и непотребни работи тогаш добивате чувство дека не знаете од каде да започнете. Исчистетете го вашето биро, наредете ги книгите по редослед почнувајки од онаа која ви е најпотребна и сите останати листови кои не ви требаат, најдете им соодветно место за да не прават дополнителен неред.
Доколку имате навика во една тетратка да ги запишувате поважните работи од различни предмети, тогаш време е да си купите повеќе тетратки. Способноста да ги пишувате посебните важни работи во посебни тетратки ќе ви даде прегледност да може да се потсетите кога ви е најмногу потребно тоа наместо да ја отворите тетратката без број пати додека не заборавите што сакавте да видите.
Користете го правилото од две минути, односно ако имате обврска или задача која би ја завршиле за две минути, тогаш не чекајте да поминат, па да почнете да пишувате. Почнете сега и завршете ја. Така ќе бидете сигурни дека сите кратки задачи нема да ви се натрупат наеднаш.
Организирани на работа
Кога последно размисливте за вашата работна кариера и што е вашата цел во работењето? Создавањето на цел која сакате да ја постигнете во вашата работа ќе ви даде јасна визија за иднината.
Имате ден преполн со обврски и само што ги отворивте очите си помисливте „Денеска е тежок ден“. Направете си листа на обврски кои мора да ги завршите први и дајте си време за нив. Направете си кафе и одморете 5 минути помеѓу работењето.
Сите во своето работење имаме неколку работи кои треба да ни бидат достапни во секое време. Средете го вашето работно биро и потребните алатки за работа ставете ги на видно место за да не ги барате кога ќе ви бидат најпотребни.
Нередот не е само физички, тој исто така е и дигитален. Избришете се што не ви е потребно од вашиот компјутер, испразнете го вашиот mail од рекламни и непотребни пораки и ќе имате поголема прегледност на дигиталните работи кои ви се потребни за работа.
Наместо да користите една долга пауза, скратете ја на неколку кратки паузи. Тие ќе му помогнат на вашиот мозок да се одмори и да се фокусира подобро на обврските кои претстојат.
Организирајте го вашиот живот. Да останете организирани е еден од најдобрите начини да го живеете вашиот живот под контрола. Не ви се потребни големи промени за да достигнете напредок, а резултатите се загарантирани.