
Психопатите можат да ви го загорчат животот, а вие да не сте свесни за тоа. Понекогаш се тешки за препознавање, а често се тука, околу вас и на вашите работни места.

Photo by Sander Sammy on Unsplash
Како да ги препознаете. Одговор на ова прашање дава комуникаторот и писател Томас Ериксон, автор на романот „Окружен со психопати“ заснован на „боите“ на личноста, односно моделот DISA што ги „препознава“ луѓето и однесувањето во четири бои – црвена, жолта, сина и зелена.
„Зависи од вашата позиција. Психопатите се хранат со моќ и што може да им донесе пари и внимание, сакаат да бидат во предниот дел. Ако вашиот шеф е психопат, треба да се тргнете од него. психопати, ниту пак сакаат да се излечат. Тоа е исто како да и кажете на мачка да не брка глушец – се што би рекло е: „Зошто да не го правам тоа? Јас сум мачка и сакам да фатам глушец“, вели Ериксон.
Тој тврди дека медиумскиот свет е полн со психопати затоа што таму се моќта и парите и верува дека овие поединци имаат тенденција да се издигнат во секоја организација и да ги искористуваат работниците до крај.
Проф. Д-р Милошева: Не сите психолози по социјалните мрежи се психотерапевти
„Ова се луѓето од кои ќе слушнете: „За да бидеме поефикасни, треба повеќе да ги „туркаме“ луѓето. Ова е лош начин бидејќи луѓето не се потрошни. На глобално ниво, треба да работиме за да ги разбереме потребите на луѓето и како тие работат . Треба да разбереме дека луѓето треба да се третираат со почит, дека нивните напори се вреднуваат. Важно е сите да бидат препознаени, потребни ни се пофалби, но и негативни повратни информации. Сепак, психопатите не размислуваат за ова, тоа е целосно неважно за нив, за нив вие сте потрошен материјал што ќе го користат и ќе го фрлат“, истакна Ериксон.
Психопатите на моќни позиции им кажуваат на луѓето како да се однесуваат со другите и го нагласуваат лошото однесување. Хитлер е вистински пример за психопат кој ги охрабрувал непсихопатите да прават навистина ужасни работи затоа што ги задушил во болно верување дека се подобри од другите. Луѓето опкружени со психопати се подложни на усвојување психопатски начини на однесување иако не се психопати, а тоа е опасно.

Има повеќе карактеристики на однесување по кои можете да препознаете психопат, еве само пет од нив:
Никој нема да направи да се чувствувате добро и убаво како што тоа може да го направи психопатот. Тој ќе ве шармира и придобие, ќе ве насмее и ќе биде добар и фин. Сето ова прави да е скоро невозможно да забележите дали е некој психопат или не. Без разлика на фактот што немаат никакви чувства, способни се да ја стават на себе маската на харизмата и да ја придобијат секоја личност во собата.
Не само што нема да се покаат за ништо, туку веројатноста е дека после тоа што го направиле некому да следи и коментар од типот на „го заслужи тоа”. Тие се способни да навредат, повредат, манипулираат, излажат и намамат секого, притоа не чувствувајќи ни трошка вина или жал. Ова е еден од највпечатливите показатели дека си имате работа со психопат, иако ништо друго не укажува на тоа.
Психопатите имаат зголемено чувство на важност. Исто како и нарцистите, тие сметаат дека вообичаените правила не важат и за нив. Тие исто така имаат и огромни идеи за нивниот потенцијал. Едноставно веруваат дека заслужуваат да имаат повисоки работни позиции од останатите или пак, убедени се дека најдобри во сè што прават.
Георгиев: Сексуалното вознемирување и насилство може да доведе до сериозни психолошки последици
Што е повозбудливо и попривлечно за психопат од премногу ризична ситуација? Одговорот е ништо. Преземањето ризици им дава чувство на живост, а кога притоа навлекуваат со себе уште некој кого вешто ќе го манипулираат, тогаш возбудата им е уште поголема. Психопатите не се грижат ни за својата, ниту за туѓата безбедност. Тие се хранат од другите луѓе, лажејќи, манипулирајќи, крадејќи.
Дефинитивно најсилната, но истовремено и најскриената карактеристика на психопатите е тоа што тие се способни да манипулираат со вас без вие воопшто да сте свесни за тоа. Тие самите немаат типични чувства, но токму затоа се неверојатно способни да ги прочитаат останатите во само неколку минути и истовремено да го приспособат своето однесување на нивното, притоа целосно играјќи само за своја корист. Она што вас ви делува како грижлива личност е всушност некој кој само си поигрува со вас.