По повод Меѓународната недела за подигање на свеста за стресот (1-5 ноември), тимот на Гоце.мк спроведе анкета меѓу младите на возраст од 18 до 25 години, прашувајќи за нивните искуства, но и начини за справување со стресот.
Имено, Меѓународната недела за подигање на свеста за стресот беше создадена во 2018 година за да се подигне свеста за превенција од стрес. Планот беше таа да се развие како главен годишен настан кој се фокусира на управување со стресот и кампања против стигмата поврзана со стресот и проблемите со менталното здравје. Неколку клучни причини за тоа зошто е потребна ваква недела се:
–Искуствата што луѓето ги имаат со предизвиците за менталното здравје и што може да се направи за да им се помогне
-Како работодавците реагираат на проблемите со менталното здравје и што може да се научи
-Улогата на професионалците за управување со стресот во ублажување на стресот, со практични и докажани техники за градење на отпорност
-Кои понатамошни активности треба да се преземат во светлината на пандемијата и промените на работното место, како што е хибридното работење
-Обезбедување дека оние кои страдаат од стрес знаат каде можат да најдат совет и поддршка
Стресот може многу негативно да влијае врз нашето физичко и психичко здравје. Затоа треба да знаеме како правилно да се справиме со него и кој е главниот тригер кој ни создава стрес. Според младите, причината за појава на стрес кај нив во најголем процент е факултетот и академските обврски. Многу од одговорите на кои ги добивме беа во стилот на:
“Факултетот и испитите најмногу допридонесуваат за мојот стрес”
“ Се чувствувам под стрес поради колоквиумите што следат”
“Напнатост ми создаваат факултетот и работните обврски”, рекоа за Гоце.мк младите преку анкетата.
Академските обврски се навистина нешто кое може да придонесе за огромен стрес, особено ноќта кога учиш пред испит. Неколку совети за како да се намали стресот при вакви периоди од Гоце.мк за вас се:
Се надеваме дека овие совети ќе помогнат да се “преживее” тековната колоквиумска недела, а за испитите ќе ве обезбедиме со нови.