ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.06.2025
Како да се пријавите за упис во средно?
Автор: Goce Author

За да се пријавите за упис во средно училиште, потребно е да одите на е-uslugi.mon.gov.mk, па со корисничко име и лозинка на schools.mk (кои ги има секој деветтоодделенец), да се логирате на вашиот профил. За да аплицирате, потребно е да внесете лични податоци, а потоа, секоја оценка по секој предмет, впишана во секое свидетелство од 6 до 9 одделение, рачно да ја внесете во апликацијата.

Покрај рачното внесување на оценките, потребно е во електронска форма да ги прикачите сите четири свидетелства, заедно со извод од матична книга на родените (како и дипломи од освоени места на државни натпревари). Кога завршувате со процесот, ви стасува порака дека апликацијата е успешно поднесена, а во самата апликација пишува колку бодови има кандидатот врз основа на внесените податоци.

Но, најверојатно, прикачените свидетелства не се довoлен доказ за веродостојноста на рачно внесените оценки, па затоа, како што е предвидено со Конкурсот за упис во средно образование, секој ученик треба и физички да ги достави и покаже оригиналните хартиени документи на училишната комисија во училиштето во кое аплицира. Носење документи на увид се прави на 18 јуни, во периодот од 8 до 19 часот, како и на 19 јуни во периодот од 8 до 17 часот.

Многумина овој начин на пријавување го толкуваат како двојна обврска, а не олеснување, со оглед на фактот што не можат да завршат работа само со електронското пријавување, туку кандидатите мораат да се појават на училиште и да ги достават свидетелствата и останатите потребни документи за упис.

Фото: Миа

Уписи во средно – четврта година електронски

Како што за Мета објасни проф. д-р Боро Јакимовски, деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство, овој начин на упис им олеснува на вработените во училиштата, да не мора да ги препишуваат податоците од свидетелствата, туку едноставно само да извршат проверка на документите.

„Тие не мора да ги внесуваат податоците, а поентата е да не мора да се троши време да се препишуваат. Многу е полесно да ги провериме одошто да ги препишуваме. Се прават напори во МОН да се автоматизира процесот и да не мора да се носат документите на увид, но тоа е процес кој бара заложба, средства и време“, вели Јакимовски за Мета.

Одлични ученици насекаде, освен на меѓународните тестови!

Ова е четврта година по ред уписите во средно образование во Македонија да организираат електронски. Ова пријавување трае до утре, а во среда кандидатите треба да ги однесат документите на увид. Досега, системот евидентирал 9.500 апликации.

Конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 20 јуни 2025 година, најдоцна до 12 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница. Ако во некое училиште има пријавено поголем број ученици со одличен успех, а нема доволно слободни места за дас бидст примени сите, ќе се организира квалификациско тестирање на 23 јуни. Конечните ранг листи со резултатите ќе се објават истиот ден, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.

(Видео) Александар Величков е најдобриот студент по медицина од УГД Штип
Мојот став: Племето наше е Пиреј ама никнува во Германија