ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.01.2022
Како изгледаат моделите на Зара претставени во смешни пози?

Манекенките кои се занимаат со промоција на брендот Зара, неретко се сликаат во многу чудни пози. Манекенката, Реми Бадер, прави рекреирање на некои од тие пози и покажува колку може да изгледаат смешно.

„Татко ми, ми предложи да се обидам да најдам работа во модна индустрија. Договорот го добив во август, но и понатаму ми беше досадно и затоа одлучив да снимам за ТикТок.“, вели Реми Бадер.

Искрено за подемите и падовите на инфлуенсерот Марио Манов

Набргу почнала да добива различни пакети со гардероба од различни брендови кои требало да ги рекламира. Забележала дека постојано и’ испраќале мали величини, освен тоа приметила дека нејзините колешки позирале во смешни пози.

Иако делува многу самоуверено, таа вели дека ја изгубила самодовербата во својот изглед  и не се чувствувала удобно во своја кожа. Побарала помош од експерти, но признава дека платформата ТикТок многу и’ помогнала. Позитивната атмосфера на ТикТок ја мотивира да продолжи понатаму.

На следните линкови може да се видат дел од видеата:

https://www.tiktok.com/@remibader/video/7005306631240125701

https://www.tiktok.com/@remibader/video/7044280210631675183

https://www.tiktok.com/@remibader/video/7043913812201721134

Претставата „Се случи еднаш во Женева“ со премиера во Народниот Театар Штип
Макфест 2024 – се е подготвено за старт