Како неколку лоши одлуки му уништиле богатство од 170 милиони долари на Борис Бекер?
Борис Бекер, е еден од најпознатите тенисери во светот. Човекот кој на свои 22 години станал милионер и број еден тенисер. Бекер имал неверојатна кариера, одличен изглед, почитуван од сите на светот – живот од соништата. Од неверојатните „успеси“ Бекер освен што бил рекет број еден, тој бил глобална ѕвезда со песна во негово име, животински вид со неговото име дури папата го примил и го добил неговиот рекет.

Борис Бекер
Меѓутоа Борис направил серија на грешки кои ова богатство од 170.000 милиони го стопиле, а него го сместија на издржување затворска казна од две и пол години.
Кои се клучните грешки во чекори кои ги направил Борис?
- Една од првите грешки кои ги направил е инвестиции во многу бизниси. Борис инвестирал во недвижнини, правел сопствени рекети, инвестирал во индустријата со храна, влегол во бизнисот со онлајн казина и видео проудкција.
- Трошел премногу – Се пишува дека Бекер бил дарежлив и доста донирал, но во исто време трошел многу на луксузни добра. На пример имал луксузна куќа на Мајорка, а самиот тој често изнајмувал луксузни апартмани на Ибица.
- Промискуитетот – овој „грев“ често го плаќаат многу од познатите. Бекер имал авантура од една вечер со келнерка со руско потекло. Една година подоцна таа заѕвонила во неговиот дом со информацијата дека има негово дете. На тој телефонски повик се јавила сопругата на Бекер. Разводот го чинел 10 милиони, а келнерката добила околу 3 милиони. Бекер по расврската изјавил „Ова беа најскапите 5 секунди во мојот живот“.
- Данок ! Речиси сите тенисери и други спортисти живеат во Монако за да избегнат оданочување на своите заработки. Борис пријавил дека живее во Монако, а всушност живеел во Минхен. Ова го разбрала германската влада и така останал должен за данок преку 3 милиони долари. Уште овде за влакно избегнал затвор.
- Долгови! Земал дискутабилни заеми кои е невозможно да ги исплати. Се обидел да го избегне плаќањето со наводен „дипломатски имунитет“ кој не му успеал. Во 2017 банкротирал.
Низа лоши одлуки можат да го донесат човек до самото дно. Бекер ги продал сите трофеи и вредни ствари да се избави од долгот. Се обидел и со низа измами да го избегне плаќањето и дополнителното пропаѓање, но иронично тоа уште толку го пропаднало. Добил затвор од 2,5 години.
Можеби ќе ве интересира