ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.07.2022
Како помладите генерации ги толкуваат свадбените церемонии?

Иако сѐ уште може да ги сретнеме традиционалните големи свадби, сепак кај помладите генерации доминираат помали и по модерни свадбени церемонии. Во текот на пандемијата, младите беа приморани да организираат приватни свадбени церемонии, за кои се чини дека ќе заземат поголема практика и во иднина.

Photo by Luis Tosta on Unsplash

Онлајн организирањето станува сѐ поголем тренд

Овие денови сè е на само еден клик! Паровите од помладата генерација многу веруваат во користењето онлајн алатки за планирање на денот на нивната венчавка. Околу 80% од времето за планирање на свадбата на парот го поминува онлајн. Според истражувањето WeddingWire, речиси 40% од паровите главно ги користат своите мобилни уреди и 66% користат апликација за планирање свадби за да го планираат својот голем ден. Од избор на место за венчавка до наоѓање совршена венчаница и на крај резервирање на прифатлив фотограф за да го овековечи најдобриот ден, сега сè е лесно достапно онлајн. “Pinterest“ е најпопуларното место од каде младите ги црпат идеите за својата свадбена церемонија. Од невестински фустани до декорации и храна, се смета дека оваа апликација го побива традиционалното со нови, па дури и авантуристички идеи за организирање на големиот ден.

Образованието – поттик за продолжување на семејни традиции

Свадбените церемонии во денешно време се помалку формални

Дури и паровите кои се придржуваат до традиционалните церемонии, сепак обожаваат да додадат некој модернистички детал на својата прослава. Со настап на ДЈ , или пак организирање на “after party“, тие знаат да ја завршат дури и традиционалната свадба нешто помодерно и забавно.  Но, има и такви кои се одлучуваат на по екстравагантен пристап за овој ден. Од скокање од авион до свадба во пустина или пак планина, младите навистина знаат како да си го направат својот ден незаборен за нив , но и за гостите.

„Галичка свадба“ го отвори пријавувањето за зет и невеста

Белата боја не е толку во тренд

Повеќето девојки се придржуваат до традиционалниот бел невестински фустан, сепак во поново време тие собираат храброст да експериментираат и со поразлична боја. Најчесто може да се сретнат невести во фустан со крем боја, но не се ретки и розевата и црната боја кои ги практикуваат некои од невестите. Во поглед на девериците, голем број од  невестите им дозволуваат и на нив да експериментираат со своите фустани. Традиционално, девериците практикувале да носат ист модел и боја на фустан , одбран од невестата, но сега сѐ повеќе им се дозволува да си одберат фустан кој им прилега на нив.

Младите ги негуваат семејните вредности

И покрај модернистичките детали и различното организирање на свадбениот ден, сепак и кај младите водечки мотив се семејните вредности и љубовта кон партнерот. Мнозинството гледаат на нивните родители (48%) и баби и дедовци (43%) како позитивен пример за брак, а потоа се угледуваат и на пријателите (36% ), инфлуенсери (16%) и познати личности (15%). Приближно 40% веруваат дека барањето дозвола од родителите за венчавка ќе стане помалку популарна, застарена традиција во иднина.

(Репортажа) Ова е најзелениот град во Германија

Многу од денешните генерации се запознаваат преку социјалните мрежи или пак преку  апликации како Tinder.

Интересно е што и  како извор на позитивна инспирација за односите, младите ги користат ТВ ѕвездите. Многу често како урнек се земаат популарните парови како Пем и Џим од“ The ​​Office“ , Моника и Чендлер од “Friends“, Али и Ноа од “The ​​Notebook“, па дури и Боб и Линда Белчер од цртаниот филм “Bob’s Burgers“.

(Аудио) Силата на еден став
Какви ќе бидат политиките на Трамп кон Балканот?