ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
13.12.2022
Како против лажните вести за вакцините?

Со систем за управување со погрешни информации би можеле да се избориме со лажните вести за вакцините – ова е еден од заклучоците на завршна конференција на оваа тема, одржана во Скопје.

Со завршна конференција „Преку стратешко управување со погрешни информации и квалитетно медиумско известување до поголема доверба во вакцините“ вчера беше заокружена серијата од активности на Македонскиот институт за медиуми (МИМ) , поддржана од УНИЦЕФ и Министерството за здравство. Ова беше практично сумирање на сознанијата добиени од повеќе средби, на кои учествуваа професори, лекари, експерти и новинари, кои разменуваа искуства од информирањето за вакцините за време на здравствената криза, со акцент на тоа што сега следува како третирање на темата за редовната вакцинација.

 

Дезинформации најмногу шират политичките партии

жВо рамките на проектот е изготвена и предлог Стратегија: Поставување на систем за управување со погрешните информации во врска со Ковид 19 и редовната вакцинација на деца. Д-р Марина Тунева, експерт за комуникации ја презентираше предлог стратегијата, која би требало да ја реализира Министерството за здравство, со цел до јавноста да стигнуваат проверени информации, како најдобар одговор на лажните вести.

Како пример за справување со лажни вести, д-р Александар Стевановиќ од Србија презентираше како функционира Лабораторијата за инфодемиологија и инфодемиски менаџмент, чиј носител е Медицинскиот факултет во Белград.

Стратегијата против лажни вести за вакцините да се имплементира во функционален систем

На конференцијата се обрати и Министерот за здравство, д-р Беким Сали, како и претставник на УНИЦЕФ во Македонија. Дел од учесниците на претходните средби, проф. Д-р Александра Грозданова, национален координатор за имунизација, Д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести и М-р Гордана Мајнова, државен советник во Министерството за здравство ги изнесоа своите ставови за предизвиците и следните чекори  за имплементацијата на предлог стратегијата во систем за управување со погрешни информации.

Од страна на новинарите – учесници во активностите, беше посочено дека Стратегијата е добра, и произлегува од сознанијата добиени за време на претходните средби и активности, но можеби треба да се размислува дали Министерството за здравство треба да биде носител, со оглед на потребата на задржување на континуитет, знаејќи дека промените во министерствата редовно носат и промени в о пристапот кон таквите стратегии.

Зад сензационалистичките наслови се крие и говор на омраза

Новинарите исто така побараа Министерството и другите институции да имаат редовни брифинзи, на кои новинарите ќе можат да добијат релевантни и проверени информации. Токму брифинзите реализирани како претходница на оваа завршна конференција всушност се и вистинска насока во која треба да оди комуникацијата на институциите и новинарите.

Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки
Здравствени политики за сите