ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.12.2022
Како против пандемијата на лажни дојави за бомби?

Пандемијата од лажни дојави за поставени бомби во училишта, но и други установи продолжува, и го одбележува крајот на годината. Ова е појава која не е карактеристична само за Македонија, туку за регионот, бидејќи започна од Србија, па преку Македонија се прошири и на Црна Гора, Босна и Херцеговина, а во сосема помал обем и во Хрватска.


Колумна


 

Досега, сите случаи се покажаа како лажни дојави, но изгледа е јасно дека всушност дојавувачите ја постигнуваат целта – граѓаните се вознемирени, полицијата губи енергија на проверки, се отвора просотор за недоверба, за препукувања кој е виновен, кој е неспособен да открие, кој треба да понесе одговорност, се „будат“ заговарачите на онлајн настава… Вестите за дојави за поставени бомби се објавуваат од сите медиуми, оние кои стојат зад целата „операција“ добиваат публицитет. Експертите се бараат за темата, се организираат емисии, што всушност е и очекуваниот одговор на медиумите во такви ситуации. Тезите се познати – од тоа дека тоа е само игра на малолетници, до тоа дека станува збор за добро организирана акција со руска или американска позадина (повеќе се споменува руската, за волја на вистината…)

Лажни дојави, вистинска „шема“ и стапица во која „паѓаат“ медиумите

Сето тоа будно се следи од јавноста, но прашање е дали на таков начин се постигнува целта – граѓаните да бидат посмирени, или пак е обратно? Сите изнесени ставови, информации, може да бидат вистина, но дали на крајот на краиштата, вусшност тоа е една од целите на оние кои стојат зад лажните дојави за поставени бомби? Покрај другото, граѓаните добија и сосема поинаква претстава за тоа како и колку ефикасно може да се пронајде и санкционира некој кој по електронски пат ќе упати закана? Испадна дека тоа и не е баш наједноставно, иако можеби досега граѓаните имале друг впечаток. Всушност, дури и безбедносни експерти изјавуваа дека речиси е неможно да се откријат сторителите, што се коси со нашите уверувања дека дури и некој малолетен хакер може да направи „чуда“ на интернет.

Зад сензационалистичките наслови се крие и говор на омраза

Поради ова, можеби е време да се размисли за тоа колку и како треба да се информира за овие лажни дојави, дали треба да се промени пристапот, да не им се дава публицитет и прoстор во медиумите? Медиумите би требало да не се  „фаќаат“ на јадицата за „атрактивност“ на вестите за поставени бомби, за да не се ставаме сите на некој начин во шемата која ја посакуваат дојавувачите. Колку тоа е можно во нашиот медиумски амбиент, навистина е дискутабилно, но навистина и медиумите треба повеќе да посветат внимание на прашањето што се постигнува со објавувањето на некои информации, во случајов оние за поставени бомби. Јавниот интерес сепак е граѓаните да добијат вистинска информација, но и да не бидат вознемирувани според ема во која , знаејќи какви се нашите медиуми, дојавувачите успешно ги вклучуваат токму медиумите.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?