ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
18.04.2024
Како стресот од испитната сесија влијае врз менталното здравје на студентите?

Испитната сесија е време исполнето со бесконечни часови учење, напнати денови, непроспиени ноќи и врв кој студентите треба да го освојат.

Нервозата што произлегува од очекувањата, тревогата за резултатите и притисокот да се постигнат одлични успеси, можат да предизвикаат разни негативни ефекти кои влијаат на психичката и емоционалната состојба на студентите.

Стресот од испитната сесија и тоа како знае да влијае врз животот на студентите:

  • Паника: од студентите се очекува да се справуваат со голем број испити и проекти во краток период, што предизвикува паника кај секој студент.
  • Депресија и намалена самодоверба: постојат студенти кои се справуваат со депресија за време на испитната сесија поради притисокот и очекувањата кои ги имаат. Исто така, ако не ги постигнат очекуваните резултати, може да имаат намалена самодоверба и да се чувствуваат неуспешно.
  • Несоница: учењето до доцните часови во ноќта резултира со несоница која знае да се пролонгира со денови.
  • Здравствени проблеми: долготрајниот стрес може да предизвика разни физички здравствени проблеми кај студентите, како што се главоболка, стомачни проблеми и имунолошки проблеми.

За да се намали влијанието на стресот од испитната сесија врз менталното здравје на студентите, важно е да се имплементираат здрави начини за справување со стресот. Вежбањето, релаксацијата, здравата исхрана и социјализацијата се само некои од начините кои можат да помогнат во овој процес. Исто така, важно е студентите да побараат поддршка од пријателите, семејството, како и да се обратат за помош кај професионални психолози или психотерапевти доколку имаат сериозни проблеми со своето ментално здравје.

Вештачката интелигенција измисли вакцина?!
„Дигитална осаменост? Младите почесто разговараат за емоции со AI отколку со луѓе“