ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
13.02.2025
Каква е иднината на радиото според ChatGpt и DeepSeek

Радиото како медиум преживува години на сериозна криза, со константни негативни прогнози за неговата иднина. И годинава, на Светскиот ден на радиото, 13 февруари, актуелни се сите тие дилеми, но радиото сепак се уште е живо. Прашањата, дали се слуша само во автомобил, колкава е неговата моќ, како одговара на предизвиците на новите медиуми на социјалните мрежи, во интернет просторор, се секако легитимни и на место.

Колку и да звучи иронично, но во ситуација кога токму застрашувачкиот развој на технологијата и вештачката интелигенција се значаен дел од предизвиците и заканите за радиото, ние токму преку вештачката интелигенција бараме одговори на прашањето за иднината на овој, некогаш магичен медиум. Иронично, исто како кога на пример за да се регистрирате на некоја интернет платформа, некој робот вас ве прашува да потврдите дека не сте робот!

Ги прашавме ChatGpt и кинеската верзија, DeepSeek, каква е иднината на радиото како медиум.

ChatGpt вели: Иднината на радиото како медиум зависи од неколку клучни фактори, вклучувајќи технолошкиот напредок, промените во навиките на публиката и конкуренцијата со дигиталните платформи.

DeepSeek: Иднината на радиото како медиум е тема на дебата, но многу експерти веруваат дека радиото ќе продолжи да игра значајна улога во медиумскиот пејзаж, иако ќе се адаптира на новите технологии и потреби на публиката.

Меѓународен проект креираше платформа за ресурси за локалните радио станици во Европа

Радиото сепак ќе опстане, сметаат ChatGpt и DeepSeek

Како аспекти и насоки во кои би можело да се развива радиото, и двата чет бота на почеток ја спомнуваат дигитализацијата. Според ChatGpt,  традиционалното FM и AM радио постепено преминува кон дигитални платформи, како што се интернет радиостаници и подкасти. Стриминг сервисите (Spotify, Apple Music, YouTube) нудат персонализирано слушачко искуство, но радиото може да се адаптира преку дигитално емитување (DAB+ и интернет радио).

Подкастите исто така се  момент, кој може да се искористи од радијата – нкреирање на ексклузивни подкасти, архива на емисии кои може да се слушаат во секое време. DeepSeek ја нагласува и важноста на интерактивноста и персонализацијата, слушателите да комуницираат со водителите преку социјални мрежи , апликации, или директно преку платформите.

Photo by Hc Digital on Unsplash

Очекувано AI  има свое место во препораките. ChatGpt вели интеграција со вештачка интелигенција и паметни уреди, но и вели дека радио во автомобилите е клучен фактор, а автомобилската индустрија полека преминува на интернет – конективност.

Радио во автомобилите клучен фактор, автомобилската индустрија преминува на интернет – конективност

Голем број луѓе веќе слушаат радио преку смарт звучници (Amazon Echo, Google Nest) и паметни автомобили. Радио станиците може да вградат AI препораки, интерактивни функции и персонализирани плејлисти за да ги задржат слушателите.

Кај DeepSeek нешто се повторува, но има и разлики. Радиото се интегрира во паметните уреди, како што се паметните звучници (на пр., Amazon Echo, Google Home) и автомобилските системи. Ова го прави радиото достапно и практично за слушање во секојдневниот живот.

Научно истражување: Радиостаниците се на работ на само одржливост – потребни се сериозни реформи за нивно опстојување

Гласовите асистенти (како Siri, Alexa) исто така олеснуваат пристап до радиостаници и подкасти.

Моментот на значење на радиото за локалните средини го имаат и двете платформи. ChatGpt смета дека големите глобални платформи не можат да ја заменат локалната релевантност на радиото. Локалните станици можат да преживеат со уникатни вести, интервјуа и заеднички иницијативи кои не се достапни на големите стриминг платформи.

DeepSeek за локалноот значење: Радиото останува важен медиум за локалните заедници, нудејќи вести, информации и музика специфични за регионот. Локалните радиостаници често се клучни во времиња на кризи или итни ситуации.

Фото: FB Македонско радио

Мултиплатформмскиот пристап е последната насока на која укажува ChatGpt . Радиото веќе не е само аудио – многу станици нудат видео стримови, социјални медиуми, интерактивни емисии и мобилни апликации. Овој тренд ќе продолжи да се развива, овозможувајќи радиото да биде повеќе од класичен аудио медиум.

Радиото нема да исчезне, но ќе мора да се трансформира и прилагоди на дигиталната ера

Кинескиот чет бот, DeepSeek, се осврнува и на потребата од промени во бизнис моделите – традиционалните рекламни модели на радиото се менуваат поради конкуренцијата од дигиталните платформи. Се повеќе радиостаници се потпираат на претплати, донации или хибридни модели за финансирање.

Исто така, технолошките иновации се битен момент, технологиите како 5G ќе го подобрат квалитетот на интернет радио.  Ќе овозможат и побрз и постабилен стриминг. Викенд радио (DAB +) и други дигитални формати продолжуваат да го подобруваат квалитетот на звукот и нудат повеќе канали.

Локалните радиостаници во Македонија пред голем предизвик

На крај, еве ги заkлучоците.

ChatGpt: Радиото нема да исчезне, но ќе мора да се трансформира за да преживее во дигиталната ера. Клучни фактори за неговата иднина се иновациите во онлајн стриминг, подкасти, интеграција со AI и хиперлокална содржина. Ако успее да ги искористи овие трендови, радиото може да остане релевантен и влијателен медиум уште долго време.

DeepSeek: Радиото нема да исчезне, но ќе продолжи да еволуира. Неговата способност да се адаптира на новите технологии и потреби на слушателите ќе биде клучна за неговиот опстанок и успех. Со интеграција на дигитални платформи, интерактивност и персонализација, радиото ќе остане релевантен медиум во иднина.

Природно не значи секогаш и подобро
ТикТок предизвик повторно опасност за младите