ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.12.2023
Какво здравствено осигурување имаат студентите?
Автор: Goce Author

Еден од поголемите проблеми со кои се соочуваа студентите во текот на студиите е начинот на регулирање на здравствено осигурување и остварување право на здравствена заштита. Начинот на остварување на право на здравствено осигурување е различен за редовните и вонредни студенти.

Со Законот за здравствено осигурување, се регулирани правата, обврските и начинот на спроведување на здравственото осигурување.

Видови здравствено осигурување

Здравственото осигурување може да биде задолжително и доброволно.  Преку задолжително здравствено осигурување се обезбедуваат  здравствени услуги за сите граѓани на Република Северна Македонија под услови утврдени со Законот за здравствено осигурување.  За здравствени услуги кои не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување може да се пристапи кон доброволно здравствено осигурување. Задолжителното здравствено осигурување се спроведува преку Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Доброволно здравствено осигурување се спроведува преку посебни  друштва за осигурување кои се основаат и работат  според законите и прописите за осигурување.

Студентите остваруваат задолжително здравствено осигурување

Право на здравствено осигурување за студенти 

 Студентите остваруваат право на задолжително здравстевно осигурување доколку се исполнети одредени услови. Како член на потесно семејство,односно член на семејство на осигуреник, студентите може да остварат право на задолжително здравствено осигурување ако се на редовни студенти, најдоцна до навршување на 26 годишна возраст.

За да се оствари ова право, потребно е да се потполни пријава за здравствено осигурување и достави потврда за редовно школување за запишана нова учебна година, издадена од образовната институција до Фондот за здравствено осигурување според место на живеење на студентот.

Остварување право на здравствено осигурување за домашни студенти

Според важечката правна регулатива, конкретно Законот за здравствено осигурување и Законот за здравствена заштита, студентите имаат право да изберат матичен лекар во местото на живеење и местото каде студираат, односно имаат право да изберат два матични лекари. Од разговорите со поголем број студенти на ова тема, се заклучува дека најголем број од студентите не се информирани за ова можност и имаат избрано само матичен лекар во место на живеење.

10 студентски гревови: Најлошите работи што ги правиме пред испитните рокови

Остварување право на здравствено осигурување за странски студенти

Странските студенти кои привремено престојуваат во нашата држава имаат право да користат итни и неопходни здравствени услуги. Здравствените услуги може да се користат врз основа на двојазични обрасци/потврди во сите здравстени установи кои имаат склучено Договор со Фондот за здравстевно осигурување, а на товар на странскиот носител на здравсвено осигурување. Врз основа на двојазичните обрасци/потврди, за користената здравствена услуга  се плаќа само партиципација, со што всушност се изедначуваат странските лица со домашните студенти.

Автор: Надја Шопова

Студентите си направија своја соблекувална во КБ Штип
Ние ја сакаме Европа, ама не сакаме ред – во чест на Горан Стефановски