ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
17.07.2023
„Калиманци“ во еколошки ризик, НВО бараат мерки за заштита

Пред околу една година, езерото „Калиманци“ кај Македонска Каменица стана актуелно по огромната количина на пластични шишиња кои го преплавија и покажаа колку луѓето се големи загадувачи.

Еколошкиот удар кој го трпи езерото тогаш го актуелизираше НВО „Валхала Фин“ од Македонска Каменица. Таа објави дека на езерото му се заканува голема еколошката катастрофа, предизвикана од надоаѓање на огромни количини на отпад и шут од реките кои се влеваат во езерото.

„Ова загадување предизвикува голема загриженост кај нас граѓаните на Македонска Каменица, и ние како НВО сектор кој во своите програмски определби и цели на делување го има зачувувањето на животната средина се чувствуваме повикани да делуваме на било кој начин со цел да го спречиме загадувањето на езерото. Да го заштитиме езерото од сегашното и идното загадување и да го зачуваме за сегашните и идните генерации е обврска на сите нас“ – објавија тогаш од невладината организација, и организираа и акција за чистење.

Дали со тоа проблемот е решен?

Акумулацијата Калиманци со секој дожд е во хаос

Според Влатко Ристовски, претседател на „Валхала Фин“ пластичните шишиња доаѓаат од дивите депонии долж реката Брегалница.

„Со поголем истур на дожд и зголемување на речното корито, акумулацијата Калиманци пак ќе биде во хаос. Ние ќе го исчистиме пак, ама тоа не е решение. Треба инспекторатот за животна средина да го провери, исчисти и заштити речното корито од создавање на диви депонии. Треба и да се даде поголема поддршка  на невладини кои се занимаваат со еколошки акции околу езерото. Еве ние кога правиме еколошка акција, сами од себе купуваме оброк и пијалоци за волонтерскиот тим. Затоа и ги проретчуваме ваквите акции. Во последната акција по име Генералка Викенд, не се вклучивме бидејќи немавме средства за оброк на волонтерскиот тим“ – вели Ристовски.

Инаку, територијата на Валхала е на самото крајбрежје на Калиманско езеро во атарот на село Тодоровци, маало Потоци. Мисијата на здружението е одржување на чиста животна средина, запазување на водите, развој на туризам и пермакултурни практики.

Еколошки акции се спроведуваат, но тоа не е доволно

„Еколошки акции спроведуваме  2 пати месечно со нашиот волонтерски тим, главно околу езерото. Во моментот разработуваме проект за развој на езерскиот туризам кој вклучува изградба на летниковци во традиционален стил, бунгалови во традиционален стил и традиционална кујна. Се развива и идејата за спорт и рекреација на езерото која вклучува кајаци, суп даски и педалинка. Изградба на стаклена градина би донело дополнителен интерес кај младите за усовршување на пермакултурни парактики и самоодржување“ – дополнува претседателот на „Валхала Фин“.

Треба да почне да ни пречи ѓубрето и да реагираме на него – Марија Магдалена Петковска, основач на акцијата “Мети си со класнето”

Проблеми оваа организација има и со самата локација каде се наоѓа. Немаат довод на вода, струја, пристап…

„Веќе 3 год се обидуваме да го решиме овој проблем со локалната самоуправа и никако да стигнеме до решение. Дури бевме одбиени и за набавка на црево кое ќе ни послужи сами да си обезбедиме вода. Проблем со кој се бориме уште од самиот почеток се лажни ветувања од локалната самоуправа. Имаме и неколку проекти поднесени за приклучок на струја директно во ЕВН, одбиени без дополнително образложување. Баравме помош за струен кабел, кој сами ќе си го приклучиме од најблиската куќа во селото.. и од тоа ништо. Пристапниот пат е тесен, не уреден, не асвалтиран.. а местото има огромен потенцијал за посета од туристи“ – ги посочува Влатко Ристовски некои од проблемите со кои се соочува организацијата во својата работа.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?