
–Темата е руската агресија врз Украина и какво е нејзиното влијание врз меѓународното право, што инаку е навистина едно будење на Европа и на сите земји кои се поврзани на некој начин. Со тоа што Германија е поврзана со Русија со една интензивна соработка на економско ниво сметавме дека е доволна врска за да не настане воена агресија, но излезе дека сме грешка. Ова значи дека сега ние мораме повторно воено да се зајакнеме, но и како што германскиот амбасадор во РСМ рече „ова е и можност за поддршка и зацврстување на политиката за проширување и за безбедност на Западен Балкан“. Сите земји кои имаат аспирации да се приклучат кон ЕУ сега е моментот да изберат дали ги споделуваат истите вредности со ЕУ и дека Русија можеби не е пријател и споделува други вредности. Оваа геополитичка ситуација повторно покажа дека демократијата е всушност она што е важно, и дека е важна и за целата ЕУ и за Западен Балкан кој исто така го сметаме за еден дел кој треба да пристапи кон ЕУ и да ги дели истите вредности, што во случајов значи и јасна осуда на агресијата на Русија врз Украина. Ние како Фондација „Конрад Аденауер“ ги почитуваме тие вредности и ќе се стремиме кон што е можно побрзо приклучување на овој регион кон ЕУ – изјави Даниел Браун, директор на Фондацијата „Конрад Аденауер“.

Даниел Браун – директор на Фондацијата „Конрад Аденауер“
На настанот учествуваше и Димитар Лилков, аналитичар од Центарот за европски студии „Вилфрид Мартенс“ во Брисел.
– Оваа војна е јасен потсетник дека нема алтернатива на членството во НАТО. Јас сум од Бугарија и сум горд што Софија, Скопје, сите земји членки на НАТО се рамо до рамо да ги зајакнеме силите и да се осигураме дека оваа агресија што се случува нема да се повтори. Се надевам дека оваа ужасна војна е јасен сигнал за РСМ, за Бугарија и за Брисел, за нашите општества, и за јасната одлука што ја донесовме за приклучување кон НАТО, а се надевам и за членство на РС Македонија во ЕУ – изјави Лилков.

Димитар Лилков – Центар за европски студии „Вилфрид Мартенс“ во Брисел
На отворањето на настанот се обратија и Иван Јорданов, градоначалник на Штип, Олга Кошевалиска, декан на Правниот факултет во Штип, како и излагачите на настанот Јован Андоновски, вонреден професор на УГД и Методи Хаџи Јанев, професор на Воена академија – Скопје и поранешен воен аташе во Вашингтон.
Покрај нив, како излагачи учествуваа и професорот на Правниот факултет на УГД, проф. д-р Дејан Маролов и Кирил Миновски, поранешен министер за финансии. Модератор на настанот беше проф. д-р Васко Наумовски, Претседател на Институтот за општествени истражувања – МК91.
Со свои прашања и коментари се вклучија и студенти од универзитетите „Гоце Делчев“ и „Св. Кирил и Методиј“, кои физички присуствуваа на настанот на Правниот факултет на УГД, како и студенти кои преку платформата Microsoft teams го следеа настанот. Излагачите на дебатата одговараа на навистина интересни прашања од студентите поврзани со актуелните случувања околу војната во Украина и нејзиното влијание на случувањата во светот, но и последиците кои може да ги очекуваат Македонија и регионот.
Преземено: https://life.ugd.edu.mk/index.php/ugd-zivot-life/item/2450-katedra-adenauer-2022