ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.04.2023
Кањонот Козјак прва пролетна акција на ДПС Лисец
Автор: Goce Author

Кањонот Козјак на Козјачка река на планината Плачковица е цел на најновата акција на ДПС „Лисец“, која ќе се реализира во сабота, 29 април.

Кањонот Козјак

Од ДПС Лисец, овој настан го најавуваат на следниот начин: Најубавиот, Највеличествениот Кањон Козјак, во срцето на нашата преубава Плачковица.

Кањон, кој ве остава без здив и на кој водoстојот во овој период е на завидно високо ниво. Езерца, големи и мали водопоади, вртлози од води, убави карпи, мали плажички, чувство кое остава без здив.

Козјак е природно богатство на нашата Плачковица на кој сме исклучително горди!

За сите оние кои до денеска (петок, 28 април) се пријавиле за „освојување“ на Кањонот Козјак, важни информации се следните:

Се тргнува во 9 часот, од  пред паркингот на црквата Св. Петка на планината Плачковица, која е на самиот пат кон Плачковица, малку поред селото Калаузлија. Само по 20 минути пешачење се навлегува во Кањонот, при што еден по еден се отвараат прекрасни водопади по течението на Козјачка река.

(Видео)Овие штипјанки се првиот женски тим од Македонија кој се искачил на Алпите

Целата тура, што се однесува на минувањето на кањонот, трае околу 4 часа. Враќањето е кружно, преку селото Калаузлија, па се до паркингот кај црквата „Св. Петка“. Во дворот на црквата по завршувањето на турата е организиран ручек, кој ќе чини 200 денари.

Како и на секоја ваква тура, потребно е учесниците да бидат соодветно подготвени, што пред се значи да се понесе резервна облека, соодветни обувки (нелизгави), а доколку можат, да понесат и кациги.

Препораки се да се следат инструкциите на организаторите, да се внимава бидејќи на некои места се можни лизгави карпи.

„Преспа? Разбуди се за чиста средина“ – за подобро управување со отпадот
Танцова програма на Викендот на гордоста