
Продолжуваме со серијалот текстови на дијалект. Овојпат повторно ве носиме во Кратово. Уживајте.
Онј пут ‘кд ви раскажува за Кратово и за неговите богатства, спомиња и камени кукли, ама реко ви дек друг пут ќе ви кажују за нима.
Тој ти е феномен од природа. Научници кажујат дек настанале од верикална ерозија и дек е природна уметнос јоште од пред пеес иљади години, ама стари кратовчани не викат такој.
Прочитајте и: Една кратовска поговорка вика Дека л’жата вечерала, туј не ос’мнуе

Иначе од време јоште, од баби, прабаби и дедовци смо слушале за легендата за камените кукли како са настанале.
Кажувале са дека тој са сватови од свадба.
„Биле си дечко и девојка што многу се сакале. Арно ама дечкото најде друга девојка од долно маало, а овај првата живеала у горно маало. И туј горномаалката се разочаруе, слушнала дека на тј ‘дн што си замислувале да се женат, дечкото закажуе свадба со долномаалката. Фате про’клне ги од мука. Рекла ‘кд ќе се цунат на ‘дно на свадбата да се скаменат свите. Такој и биднало. И младоженци и сватови и онија што гледале од страна свите камен, пошто кај нас у Кратово едн ‘кд прае свадба цела маала искоче да гледа како сватовите гу зимат невестата. И ‘кд ги загледаш онија камења стварно имат фаца на човек, ако не веруеш дојди и види со свои очи. “

‘Сг ‘кд више е помодерно и по социјално време од општина га уредија местото околе куклите, клупи, паркче. Пред секоја камена кукла си има ознака кој што е, еве на пример пред овија што прават свадба пишуе младоженци, до нима кумови, понанатам мајка на невестата, од другата страна девер и деверица…
Куклица гу викат камен грат овија туристи што доваѓат, ама свак што гу чуе легендата не остануе рамнодушан, у прва прилика дојде да ги посете. Много од нима имат бујна фантазија па си исфилмат сценарио како се дешавало, па ‘кд седнат на кафе у чаршија раксажујат си едн на друг кој што мисле како било.
Ние си веруемо у тој баба што кажала, остај ти научници, едншка дошле, виделе и одма ќе мењат од свадба у ерозија.
Од мали ‘кд смо се збирале на пикник за први и втори мај там смо иделе и тој пешки 3 саата мош и повеќе смо одиле. Има там една рекичка мала, до нума се сместеемо, распалемо скара, распостељамо черги, цееел ‘дн. Куклица е село кое се наваѓа у осоговието, негде околе осам километри од Кратово далеко.
Тој ти е цел комплекс од околе сто помали камени кукли и петнаес поголеми.
Скаменените свадбари јоште много години ќе сведочат за гнево и тугата на горномаалката. Многу години после скаменувањето, селаните пробувале да гу симнат клетвата ама никако не им ишло од рука што и да направиле. И ‘дн данска селаните што живеат там кажујат дек на секои пет – шес години се појавувала нова фигура.
Иначе научници кажујат дека овакви ерозии настанале демек пред да се населе планетата у форми на пирамиди и овакви ,,кукли’’ пред десет миљони години.
Дојди и види па сам оцени свадба ли е било или ерозија.