ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
13.12.2021
Кина гради авони што ќе пренесуваат патници до кое било место на планетата за еден час
Автор: Goce Author

Фото: New atlas

Кина не престанува да нѐ изненадува. Тие градат хиперсонични авиони со брзина од 12.000 милји на час. Засега никој не знае зошто на Кина ѝ се потребни авиони кои можат да се движат петпати побрзо од брзината на звукот, благодарение на сложениот дизајн.

Авионот долг 45 метри е за една третина подолг од Боинг 737 и има делта крила, слични на оние на Конкорд. На протитипот работат кинески вселенски научници кои учествувале во кониеские мисии на Марс и на Месечината – истакнуваат британските медиуми. Во натписот објавен во Journal of Propulsion Technology, тимот истакна дека протипиот можеби нема да влезе во производство, но разбирањето како функционира неговиот механизам ќе о поттикне развојот на хиперсонични авиони и мотори.

Официјалните лица планираат да имаат флота од овие авиони до крајот на 2035 година, а до 2045 да имаат авиони кои ќе превезуваат дури 100 патници во еден превоз.

Минг Ханг Танг, поранешен хиперсоничен програмски инженер на НАСА, дизајнирал двофазна авионска технологија која користи два одделни мотори без подвижни делови поставени на двете страни на леталото.

Дизајнот на авионот е сличен на Boeing Manta X-47C, проет кој НАСА го напушти во 2000 година бидејќи беше прескап.

Инженерите, сега тестираа нов аеродинамичен модел кој се покажа ефикасен за време на вселенските мисии на Кина и идентификуваа неколку слабости, што во иднина ќе треба да се решат.

https://www.youtube.com/watch?v=jxtefgcNWc4

Патувачки пропусници за Европа за млади до 18 години
Користењето на дигитални алатки – нов пристап за образованието