ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
13.09.2022
Кина планира мисија на месечината откако се откри непознат минерал кој може да биде извор на енергија
Автор: Goce Author

Кина има за цел да лансира три мисии без екипаж на Месечината, откако откри нов лунарен минерал кој може да биде иден извор на енергија. Вселенската трка меѓу Кина и САД се забрзува откако Националната вселенска администрација на Пекинг доби зелено светло да лансира три орбитери на Месечината во следните 10 години.

Photo by NASA on Unsplash

Веста доаѓа еден ден откако Кина стана третата земја која откри нов лунарен минерал, кој го нарече Changesite-(Y), пренесува Global Times.

Кинеската мисија Chang-5 извади примероци од Месечината во 2020 година, а Global Times ја опиша како „колонорен кристален фосфат минерал“ пронајден во честички од лунарната карпа. Минералот содржи хелиум-3, кој може да биде иден извор на енергија.

Ново откритие на темната страна на Месечината

Рударството на Месечината би можело да биде следната точка на тензија меѓу земјите бидејќи НАСА исто така го истражува јужниот пол на Месечината каде Кина планира да изгради истражувачка станица во соработка со Русија, пренесува Business Insider.

САД сè уште се единствената земја која испратила астронаути на Месечината, а последен пат слетала пред речиси 50 години во мисијата Аполо 17, според веб-страницата на НАСА.

Формирано Студентско Здружение за Молекуларна Медицина во Штип – имаат отворен повик за нови членови
Дуалното образование привлекува сè повеќе компании и ученици