Кој е Кинезот, што предизвика толку многу емоции на целиот Балкан? Ванг е 28 годишно момче, професор по англиски јазик и воедно музичар, кој не’ освои со своите музички изведби, во центарот на Пекинг. Но, не со било какви песни, туку со песни од нашиот Тоше Проески.
Тимот на Гоце.мк успеа да стапи во контакт со Ванг:
„Ја сакам балканската култура и затоа многу истражувам за неа. Но, главната причина која ме натера да истражувам за Балканот е српскиот тенисер Новак Џокович. Почнав да го учам и српскиот јазик и така дознав за најубавиот глас на Балканот – Тоше Проески“. – вели Ванг.
Неговата изведба на песната „Чија си“ од Тоше, веднаш се рашири на социјалната мрежа Инстаграм и доживеа лавина од позитивни коментари. На инстаграм тој е потпишан како Wang_xiao_chong каде ги објави овие музички изведби. Освен песната „Чија си“ тој ја испеа и песната „Још увјек сањам да смо заједно“ и едноставно плени со својот глас и харизма.
„За прв пат ја слушнав песната „Чија си“ пред три години и од тогаш многу го засакав неговиот ангелски глас. Благодарен сум за сите позитивни реакции и се надевам дека Тоше е многу горд“. – додава младиот музичар.
Кога песните од нашиот Тоше Проески ќе стигнат до Пекинг, тоа би изгледало вака:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Тоше е нашата незаборавна музичка ѕвезда и воедно новиот омилен пејач на Ванг. Се надеваме дека Ванг ќе продолжи со своите музички изведби и наскоро очекуваме ново пријатно изненадување, со нова изведба од Тоше или друг балкански пејач.