
Кире Лазаров, еден од најдобрите ракометари во историјата смета дека Европското ракометно првенство годинава е нерегуларно.

Photo: Goran Stanzl/PIXSELL
Во интервју за хртатскиот портал “Индекс”, селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров се огласи за тековното Европско првенство. Македонија со три порази ( со Данска, Словенија и Црна Гора), настапот на ЕП го заврши во првата фаза, како 22 од 24 држави.
“На ова првенство не важат правила и нема регуларност. Невозможно е да се процени нечија сила и да се даде вистинска слика за силата на тимот, со оглед на тоа што некој порано или подоцна ќе западне во неволја со Ковид. Чудно е што само Данците ги немаат овие проблеми.”, изјави Лазаров за Индекс.
Лазаров вели дека и неговиот тим бил погоден од Короната, па затоа составот и не бил во најдобро светло.
„Ние го започнавме процесот на подмладување. На последното тестирање, пред заминувањето на ЕП, седум важни играчи беа позитивни, а поради повреди останавме без тројца важни играчи. Ковидот не натера да играме со младите играчи. Имав шестмина во составот на 20-годишна возраст, а 59 минути бевме во егал со Словенија и Црна Гора. Не се исплати да плачеме. Во денешно време секоја си ја толкува ситуацијата онака како му одговара. Најважно е во овој хаос да не ја губиме главата“