ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.08.2022
Кирил Барбареев:” Немаме систем за рано откривање на надарените и талентирани ученици”

Иако кај нас постојат некои одредби во законот за основно и средно образование кои ги засега талентираните и надарените ученици, сепак на  системот му треба подобрување во оваа област.

Проф. Д-р Кирил Барбареев

Според Законот, на талентираните и надарени ученици им се овозможува додатна настава, а исто така секоја година, МОН распишува конкурси за доделување на стипендии за талентирани ученици во средните училишта и за таленирани ученици- спортисти.

„Кога се зборува на оваа тема во образованието најпрвин треба да се разграничи што е надареност а што талентираност. Надарени се оние ученици кои имаат потенцијали за исклучителна успешност во многу различни подрачја на делување. Талентираноста се однесува за исклучителна успешност во едно подрачје. Училиштата обично се фокусираат и ги препознаваат учениците кои отстапуваат од средината во логичко-математичкото подрачје и вербално-лингвистичкото подрачје, додека за уметности и спортот раната детекција е многу ретка.“, вели Проф. д-р Кирил Барбареев од Факултетот за образовни науки при Универзитет„Гоце Делчев“ – Штип.

Ќе доцнат новите учебници за четири одделенија, се средуваат ракописите и се бара фирма што ќе ги печати

Според Барбареев, системот најмногу има недостатоци во препознавање на талентираните ученици

„За жал немаме систем за рано откривање на надерените и талентирани ученици. Оттука многу ученици  се обесхрабруваат, демотивираат, разочаруваат и на крај го угушуваат сопствениот потенцијал за кој се најмалку виновни. Сѐ е оставено да зависи од индивидуалниот ангажман на наставниците и родителите како ќе ги стимулираат овие деца. На крај сите губиме, детето, семејството, образовниот систем и најмногу државата затоа што не изградила систем да ги искористи сопствените интелектуални капацитети.“, вели Барбареев.

Како решение , Професорот предлага промена на корените на образовниот систем и едукација на кадрите за работа со талентирани и надарени ученици.

Шахот од есен изборен предмет во 1 и 2 одделение

„Најпрво треба да сфатиме дека не сме сите исти и дека не можат сите ученици да учат според линеарни пристапи и модели на учење. Во некои земји постојат центри за откривање и работа со надарени и талентирани ученици кои системски работат  и со децата, наставниците и родителите. Потребно е и наставниот кадар да се едуцира за откривање  и работа со надарените и талентирани ученици. Потребни се посебни програми во редовната настава и воннаставните активности. Исто така многу важна работа е и  мотивацијата на овие ученици  со стипендии, учество на меѓународни и домашни натпревари, членување во меѓународни организации и т.н.“, вели Барбареев.

Бешлиовска: По 40 медицински сестри месечно заминуваат од јавното здравство
Што ветија победниците на овие избори за младите и студентите?