ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.10.2022
Климатолозите најавуваат леден пекол: „На Европа и се заканува температурен шок“
Автор: Goce Author

Европа е „поверојатно од вообичаено“ да доживее значителен студен бран пред Божиќ, според новата долгорочна временска прогноза што ја изготвуваат водечките меѓународни климатски тела.

Ова предупредување доаѓа во време кога европските земји интензивно ги полнат складиштата за природен гас, надевајќи се дека ќе ја преживеат зимската грејна сезона без пристап до повеќе, па дури и без гас од Русија.

Иако аналитичарите проценуваат дека количините во полните магацини треба да бидат доволни за нормално да се помине зимата, јасно е дека доколку температурите нагло паднат, европските земји би можеле да бидат принудени да ја рационализираат, односно да ја ограничат потрошувачката на гас, што би имало исклучително негативно влијание на индустријата и работните места.

Можноста за студен период оваа година – најверојатно во декември – се уште е „многу реална“, изјави за Политико Карло Буонтемпо, директор на службата за климатски промени при Eвропскиот центар за временски прогнози со среден опсег (ECMWF), пренесува Јутарњи лист.

„Излегуваме од топло лето. Знаеме дека зимите стануваат поблаги. Затоа, можеби сме склони да мислиме дека зимата ќе биде блага и дека не треба да се грижиме, вели Буонтемпо. Можеби е така, но прогнозата што ја објавуваме денес нè наведува да укажеме дека всушност сè уште постои шанса за многу студен бран, а оваа година има шанса за тоа – пред Божиќ“.

Источниот регион најтранспарентен, а североисточниот најслабо рангиран во однос на транспарентноста за 2024
Д-р. Тања Анѓушева: Случајот кога реанимивравме 13 годишно момче ќе го паметам цел живот