ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
05.04.2022
Клонирање на домашните миленици – решение за тагата по нив!
Автор: Goce Author

Клонирањето станува реалност – се повеќе луѓе болката за загубени домашни миленици ја ублажуваат со нивно клонирање. Колку тоа и да е скапо решение, има луѓе кои не жалат пари за да го продолжат дружењето со своите миленичиња – односно нивните клонови.

Луѓето кои не можат да се справат со загубата на своите миленици се повеќе прибегнуваат кон неконвенционално и скапо решение – клонирање на домашно милениче кое чини 50.000 долари.

Компанијата ViaGen Pets and Equine од Тексас е првата американска компанија која нуди комерцијално клонирање на кучиња и мачки, а нивните услуги се прошируваат и во Европа.

Иако оваа практика звучи бизарно на прв поглед, таа им помага на сопствениците на починати домашни миленици да ја надминат тагата поради загубата.

Photo by Eric Ward on Unsplash

Компаниите како споменатата нудат зачувување на животинско ткиво и клетки со цел клонирање на кучиња, мачки и коњи.

„Ние ја нудиме водечката светска услуга за генетско зачувување, во соработка со водечка компанија за клонирање миленичиња“, се вели на веб-страницата на компанијата.

Лабораторија во Велика Британија тврди дека „што еднаш зачуваните примероци од вашето домашно милениче можат безбедно да се користат за да се заврши процесот на клонирање на домашно милениче“.

Првото британско клонирано куче е родено во 2014 година, а генетичарите го опишаа како „смешно фрлање пари“.

Виаген наплаќа 50.000 долари за клонирање куче, 30.000 долари за мачка и 85.000 долари за коњ.

14 држави го тужат TikTok
Сиромаштија опфаќа над 120.000 деца во Македонија