

Волонтерите од Црвен Крст Радовиш ја одбележуваат Неделата на млади која трае од први од седми октомври. Ова е можност за промоција на младинскиот активизам, афирмација на активностите и можностите кои ги нуди Клубот на млади на 33 локации низ целата држава, прошируавње на хуманото семејство со нови млади, потсетување и изразување на благодарност на досега сработеното од страна на младите. Додатни активности се креирање на графит во основното училиште во општината Конче, снимање на видео преку социјалната мрежа Tik Tok, штанд за промоција на нивната работа и пишување на статија или учество во радио емисија. Оваа недела тие ја одбележуваат под мотото “НАШАТА ПРИКАЗНА ПРОДОЛЖУВА СО TЕБЕ‘‘.
Илина Сандева е волонтер веќе три години од кои две години е член во координативното тело на Клубот на млади при Црвениот Крст во Радовиш, а моментално е ВД лидер на Клубот на млади. Таа вели дека еден од приоритетите на Клубот на млади низ државата е и привлекување на волонтери.
‚‚Најуспешна алатка за привлекување и задржување на волонтери е проектот ‘‘Црвен крст во Акција – Промоција на хумани вредности” (ЦКА-ПХВ). Најчесто ученици од основните училишта се групираат и одбираат целна група на која сакаат да помогнат или да направат некаква промена. Поради пандемијата, начинот на работа и дејствување е променет и сега најчесто се организираат вебинари на различни теми. Во план е да се продолжи со стариот начин на организација веќе од следната година, ако дозволи епидемиолошката состојба‘‘.

Сандева додаде и дека првата помош како активност е многу важна за Клубот на млади и многу од волонтерите се заинтересирани на оваа тема.
‚‚Оваа година и минатата нема натпревари помеѓи волонтерите за прва помош, па од таа причина нема формирано ни нови групи. Во план е оваа година сите волонтери да бидат обучени за прва помош за таа да биде оживеана. Целта е да се направат групи кои ќе бидат учесници прво на општинскиот натпревар за прва помош а понатаму да бидат подготвени и за државниот‘‘, напомена Сандева.
Таа потенцира дека сега традиционалните активности и нивното одбележување е отежнато поради малиот пристап до училиштата, но тоа не ги спречува да ги реализираат нивните активности бидејќи клубот се прилагодува на различни ситуации и е полн со нови идеи кои доаѓаат од младите волонтери на Клубот на млади.

Сите млади кои имаат желба да станат волонтери можат да се пријават директно во канцелариите на Црвен Крст Радовиш или на социјалните мрежи на Facebook или Instagram на следните линкови: