ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.06.2022
Книжевните великани имаат само датум на раѓање
Автор: Goce Author
Книжевните великани имаат само датум на раѓање. Во чест на роденденот на Петре М. Андреевски, одвојте две минути и слушнете ја оваа песна.
Петре М. Андреевски е роден на 25 јуни, 1934 година во демирхисарското село Слоештица. Бил поет, раскажувач, романсиер, драмски автор. Неговото дело има големо историско-книжевно значење за македонската книжевност затоа што ја смени свеста за литературата и македонската критичка свест кај нас.
Неговите книжевни дела се преведени на многу јазици со што се дава исклучителна можност да се почувствува маестралната умешност на Андреевски.
Добитник е на повеќе награди како „11 Октомври“, „Браќа Миладиновци“, „Рациново признание“ и „Стале Попов“.
Петре М. Андреевски останува запаметен и длабоко врежан во македонската книжевност и историја воопшто како книжевник од највисоките редови чија литература има трајни уметнички вредности.
Денес, во чест на неговиот роденден, одвојте 2 минути за да ја почувствувате магијата што секој негов збор ја носи!
Сфаќа или сваќа?
Најчитаните текстови на ГОЦЕ.МК за 2023 година