Има ли разлика помеѓу професорите на Балканот и оние на запад? Дали и овде западот е понапреден, или ние сме умни глави што се нашле на погрешно место?
Познатиот српски Тик – Токер Мича Асчериќ преку лична интересна случка, ја доловува суштинската разлика меѓу професорите во неговата земја и Швајцарија. На својот Тик – Ток профил вели:
„Размислувам колку е голема разликата меѓу наставниците кај нас и наставниците во Швајцарија, каде што бев. Додека бев таму, заспав на часот. Имавме журка претходниот ден и не спиев цела ноќ. Наставниците тоа го забележаа и ниту ме избркаа, ниту ме навредиа пред целиот клас, ниту пак ме испратиа кај директорот. Не добив никаква казна за мојата грешка. Наставникот Џулијан ми се приближи и ме праша – дали е се во ред со мене. Исто така ме праша и дали сум бил на журка, а да не е тоа некој друг личен проблем. Тој надополни дека моето присуство на неговото предавање, му е од големо значење. Ми кажа воопшто да не се вознемирувам што сум заспал, затоа што сето тоа може да се надополни, со негова помош. Јас сум тука да ти помогнам, а не да те казнам, изјави наставникот Џулијан и мене автоматски престана да ми се спие. Добив толку голема енергија и внимавав до крајот на предавањето.“
Мича на ова ја истакна разликата меѓу наставниците и смета дека да бил во својата земја а да се случил истиот настан, веројатно не би завршило така. Веројатно, би добил јавно понижување пред сите колеги во предавалната.
Инаку Мича Асчериќ има 23 години, студира медицина на Универзитетот во Белград и на својот Тик – Ток профил е познат по своето знаење од областа на медицината.
Кога станува збор за просветните работници во нашата држава, се’ уште владее конзерватизмот кај одреден дел од нив. Студентите и учениците тежнеат за пријателски однос со својот професор/наставник, така би биле поопуштени, слободни и мотивирани. Какво искуство имате вие со вашите професори/наставници?
Видеото може да се види на следниот линк: https://www.tiktok.com/@ascericm/video/7055415061753498885