
Кочани ќе одбележи една година од најголемата трагедија која минатата година го погоди овој град и регионот, пожарот во дискотеката „Пулс“ кој однесе 63 животи.
Tридневна програма ќе ја одбележи годишнината од трагедијата во „Пулс“, во која животот го загубија 62 млади лица. Настаните се ппоместени во деновите 14,15 и 16 март. Градот најавува денови на тишина, благодарност и достоинствено сеќавање.

На 14 март, под мотото „Молитвен шепот“, ќе се одбележи Ден на тишина. Во храмовите ќе се палат свеќи за упокојување на душите на прерано згаснатите животи.
Следниот ден, 15 март, ќе биде посветен на хероите. Под наслов „Кочани Ви благодари“, градот ќе им оддаде признание на лекарите, медицинските тимови и сите кои во критичните моменти помогнаа во спасувањето на повредените. Во чест на оние кои го понесоа товарот во моментита на трагедијата ќе се одржи и кулутрна програма.
На 16 март, на денот на трагедијата, ќе се одбележи Денот на вечното сеќавање. Кочани ќе застане во мир и сплотеност, со почит на младите чии имиња засекогаш се врежани во темелите на градот.
Градоначалникот Грозданов ги повика младите кои ја преживеаја кобната ноќ лично да ги поканат лекарите и медицинскиот персонал што се бореле за нивните животи.
„Ве охрабрувам сами да ги поканите вашите доктори, вашите ангели чувари. Општината ќе ги пречека со отворено срце и со сите почести, но вашата лична покана е она што ја прави разликата. Тоа е чин на жива благодарност“, истакна Грозданов.
Со оваа програма, Кочани испраќа порака дека болката не е заборавена, но дека благодарноста и сплотеноста остануваат трајна вредност.