Есента обично е годишно време кога почнуваме да ги носиме топлите џемпери и да ги пиеме топлите пијалоци. Воедно и пристигнува грипот. Повеќето луѓе немале грип во последните неколку години поради пандемијата.
За време на сезоните за грип во 2020 и 2021 година оваа болест била „невообичаено ретка“, според Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ). Ова се должи благодарение на безбедносните мерки за заштита од Ковид-19, како што се носење маски, почесто миење раце и седење дома.
Но, бидејќи за многумина животот почнува да се нормализира, се очекува бројот на заболени од грип да биде поголем оваа есен и зима, па експертите препорачуваат вакцинација против грип.
Но, кога точно треба да се вакцинирате? И дали може да се вакцинира против грип истовремено со „бустерот“ против Омикрон? Еве што велат експертите, пишува Yahoo Life.
Грипот всушност е предизвикан од неколку различни вируси. Двата најчести се вирусот на инфлуенца А и вирусот на инфлуенца Б и секој има свои подтипови и групи.
Бидејќи вирусите на грип постојано се менуваат и затоа што имунитетот се намалува со текот на времето, вакцината против грип се менува секоја година за да обезбеди подобра заштита. Постои дури и организација, Глобалниот систем за надзор и контрола на грипот на Светската здравствена организација (GISRS), основана во 1952 година, која ги следи честите промени на вирусот на грип.
Доктор Петро Пиедра професорот по молекуларна биологија, микробиологија и педијатрија на Медицинскиот факултет Бејлор, рече дека тоа е „добра глобална мрежа за надзор која следи кои вируси циркулираат и потоа најдобро се погодува што треба да се смени во вакцината“ .
Доктор Пиедра објаснува дека вакцината обично „речиси совршено одговара“ на еден од циркулирачките вируси. „Секогаш е тешко да се има совршена вакцина за сите вируси што циркулираат. Но, не мора секогаш да имате совршена вакцина за да добиете вкрстена заштита“.
Истражување: Како лажните вести лесно создадоа страв кај младите од вакцините?
Докажано е дека вакцините против грип го намалуваат ризикот од посета на лекар за грип за 40 до 60 проценти, според ЦДЦ.
„Вакцината против грип го намалува ризикот од тешки симптоми на грип, хоспитализација, прием во болница и смрт“, рече др. Риза Конрој, лекар за семејна медицина во медицинскиот центар Векснер на Државниот универзитет во Охајо.
Вакцината, исто така, може да помогне да се заштитат оние кои се најмногу склони кон компликации од вирусот на грип, кој обично ги погодува децата на возраст од 6 месеци до пет години, како и оние над 65 години, според Клиниката Мајо. ЦДЦ тврди дека вакцините против грип можат да ги спасат животите на децата. Студија од 2022 година покажа дека вакцината против грип кај децата го намалува ризикот од опасен по живот грип за 75 проценти.
„И децата можат да умрат од грип“, рече Пиедра. „Генерално, децата кои починале од грип не биле вакцинирани. Тој додава дека од грип не умираат само постари лица. „Децата имаат поголем ризик од потешки компликации, како и трудниците.
Иако вирусите на грип се откриваат во текот на годината, тие повеќе циркулираат во есен и зима.
Конрој посочува дека врвот на сезоната на грип е „од декември до февруари, но зголемување на бројот на заболени е забележано и околу март, а тоа е можно до мај“.
Според неговото мислење, „најдобро време да се вакцинирате против грип е околу октомври“, така што сте заштитени за време на сезоната на грип. Тој забележува дека вакцината „обично најдобро делува две недели по вакцинацијата“. Пеидра се согласува дека октомври е „добар месец“ за вакцинација. Но, генерално, експертите велат дека најдобро време е токму сега. Вакцината против грип е ефикасна околу пет до шест месеци, рече Конрој.