Вежбањето како рутина е корисна, но некогаш мора и да прескокнете тренинг, со цел да му го дадете на телото потребниот одмор.
Ова не значи дека треба да смислувате изговори за да не вежбате. Но, постојат ситуации кога одморот треба да го ставете на прво место. Еве неколку од нив:
Д–р Стојменов: „Ништо што е посебно и вредно не е создадено за краток период“
Вежбањето помага во зајакнувањето на имунитетот, но треба да внимавате доколку имате симптоми на настинка. Професионалците советуваат дека треба да продолжите со тренингот без разлика на затанатиот нос или кивањето, бидејќи хормоните кои се ослободуваат при вежбањето можат да ви помогнат да се вратите во нормала. Доколку ве боли грлото, кашлате, чувствувате болка во градите, имате гадење и ве боли стомакот, најпаметно е да се вратите во кревет и да одморате.
Алкохолот не само што предизвикува дехидрирање туку и ја забавува и нарушува кондицијата. Големи се шансите дека ќе се повредите доколку тренирате, а алкохолот сѐ уште „гори“ во вашето тело.
Одблиску со Александра Терзиски „Фудбалот не е само машки спорт“
Сонот е важен за одмарање на мускулите и нормалното функционирање на мозокот. Иако понекогаш е во ред да одберете тренинг наместо одење во кревет во пристојно време, внимавајте тоа да не ви стане навика.
Можеби ви се случува да функционирате супер кога сте под стрес, но не користете го стресот за да направите подобар тренинг. На повеќемина тоа не им успева! Во ред е да си земете слободен ден кога психички сте изморени. Земете предвид дека опуштена и кратка прошетка ќе ви влијае многу подобро отколку брз тренинг.
Како да ја зголемите продуктивноста после долгиот одмор поради пандемијата?
Доколку правите интервален тренинг со силен интензитет, секогаш треба да земете еден слободен ден во текот на неделата. Можете и понатаму да бидете активни, но вежбајте лесни вежби кои нема претерано да ве исцрпат.