
Многу од младите денес сѐ повеќе се отворени во врска со нивното ментално здравје. Поголемиот дел од нив отворено изјавиле дека барем еднаш во животот се соочиле со депресивна или анксиозна епизода.
Според Светската здраствена организација се проценува дека 3,6% од 10-14 години и 4,6% од 15-19 години имаат анксиозно растројство. Депресијата се јавува кај 1,1% од адолесцентите на возраст од 10-14 години и 2,8% на возраст од 15-19 години.
Photo by Priscilla Du Preez on Unsplash
Когнитивнo-бихејвиорална терапија (КБТ) е форма на терапија која се користи при третман на депресија, анксиозни нарушувања, проблеми со употребата на алкохол и дрога, брачни проблеми, нарушувања во исхраната и тешки ментални болести.
Третманот со КБТ обично вклучува напори да се променат моделите на размислување. Овие стратегии може да вклучуваат:
“РЕБТ и воопшто КБТ психотерапиите се научно емпириски засновани психотерапии. Најновите научни истражувања покажуваат дека КБТ терапиите заслужено го држат приматот на „златен стандард“ во психотерапијата. Постои многу голем број на референтни научни публикации кои ја поткрепуваат оваа моја изјава. Наодите од fMRI на адолесценти со дијагностицирана депресија снимани пред и по третмани со КБТ укажуваат на физиолошки промени кои се случуваат во мозокот на клиентот како резултат на подолготраен третман со КБТ терапија. Споредувањето на ефикасноста на психотерапиите кај широк спектар на ментални растројства со психофармакотерапијата укажува на сè поголемата оправданост за еднаков третман на овие две терапии. Потребно е доволно знаење, клиничко искуство и соработка со психијатар, ако станува збор за комбинирана терапија, за да се одреди кој тип на терапија е најдобар за одреден клиент.“, вели Проф. Д-р Ленче Милошева, сертифициран РЕБТ и КБТ психотерапевт.
Проф. Д-р Милошева: Не сите психолози по социјалните мрежи се психотерапевти
За да се биде РЕБТ и КБТ психотерапевт е потребно најмалку дополнителна 5 годишна специјалистичка едукација со интернационални супервизори, по акредитирана европска програма. Потоа, паралелно со практикувањето на терапијата, доколку се исполнат критериумите следи акредитација од ЕАБКТ (EABCT), која е главна во Европа, психотерапевтска референтна асоцијација за акредитирање на КБТ психотерапевти, како гаранција дека се исполнети стандардите на Европската aсоцијација за психотерапија.
„Зборувано со РЕБТ-овски речник, на социјалните мрежи доминираат ирационалните уверувања на отсуство на фрустрациона толерантност и присуство на „обезвреднување на другиот“, односно глобална проценка на нечија личност врз основа на само една постапка или штура информација/дезинформација. Присутен е „скок на заклучок“ без никаква логичка или рационална елаборација. Она на што треба да се работи колективно, не само индивидуално, е условното прифаќање на другите/себе /животот-што е дериват на ирационалното уверување, се замени со безусловното прифаќање на себе/други/животот, што многу недостига во Македонија. Немили сведоци сме за бројни самоубиства како резултат на експлицитен говор на омраза, или кој барем бил тригер за тоа. Но, исто така сведоци сме и на организирани по нарачка социјални линчови кои оставаат длабоки психолошки траги кај личноста и неговите блиски. Сметам дека треба да постојат ригорозни законски санкции за учесници и соучесници во „говор на омраза“ по било кој основ. “, вели Проф. Д-р Милошева.