ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
31.12.2021
Кои се градовите со најнезаборавни прослави на Нова година?

Пандемијата , Ковид 19 и неговите најразлични видови, кои полека ја трошат целата грчка азбука и дојдоа до омикрон, ни го променија животот од корен, а тоа се чувствува и за најубавите – новогодишните празници. Новогодишните прослави веќе две години не се тоа што беа, а тоа се чувствува и на местата каде вообичаено во светот е спектакуларно.

Многу од нив сè уште се одржуваат, и ќе се одржат и годинава, иако под одредени ограничувања и во нешто поскромни размери.  Вообичаено, во некои градови во светот новогодишните прослави се незаборавни – еве дел од нив.

Париз

Париз

Градот на романтиката обично го оправдува својот имиџ за време на прославата на Новата година. Имено, жителите и посетителите вообичаено можат да уживаат во неверојатниот огномет кој ја осветлува легендарната Ајфелова кула… Има и романтични возења по Сена.

Но оваа година се е многу помрачно. Властите во Париз го откажаа традиционалниот огномет на Елисејските полиња со цел да го потиснат ширењето на инфекцијата.

Нема да има огномет, а за жал ниту диџејски настапи“, велат тие.

Сиднеј

Благодарение на тоа што е еден од првите престолнини што влегува во Новата година, фотографиите од спектакуларниот огномет во пристаништето таму секогаш го обиколуваат светот.

Небото и оваа година ќе блесне, но под одредени правила. Имено, за да присуствуваат на прославата на гостите ќе им треба билет. Вакцинацијата не е услов, но е пожелна.

Њујорк

Една од најпознатите новогодишни прослави во светот – онаа на Тајмс Сквер со препознатлива топка која се спушта и означува нов почеток проследен со дожд од конфети – оваа година ќе биде поскромна од вообичаеното.

Имено, на традиционалната новогодишна прослава на Тајмс Сквер, која е традиција повеќе од 100 години, вообичаено присуствуваат околу милион луѓе, а годинава се одржува со одредени ограничувања – бројот на луѓе кои ќе го гледаат спектаклот од за тоа предвидените места е ограничен на 15.000, за разлика од вообичаените 58.000), а маските и вакцинирањето се задолжителни.

Валпараисо

Културниот и боемски главен град на Чиле има една од најдобрите новогодишни прослави во светот.

Валпараисо е навистина познат по своите луди забави, а оваа, најлудата од сите, ја посетуваат милиони, многу од нив за да го видат во живо најголемиот огномет во Латинска Америка, кој некогаш држеше светски рекорд.

Ноќта на оваа позната прослава, мештаните прибегнуваат кон одредени ритуали кои се обидуваат да обезбедат среќа во наредната година – облекуваат жолта облека, на полноќ јадат 12 зрна грозје и ставаат банкнота во чевелот.

Сиднеј
Photo by Tom Hill on Unsplash

Рио де Жанеиро

Иако е најпознат по својот карневал, новогодишната ноќ во оваа метропола дефинитивно не е за занемарување. Имено, најголемиот дел од забавата се одвива на познатата градска плажа Копакабана, секако со раскошни костими и одлична музика.

Плажата обично ја посетуваат околу два милиони луѓе, многумина облечени во бело бидејќи се верува дека оваа боја носи среќа. Сè е дополнително зачинето со огномет. Годинава возбудувањата не се во фокусот, некако се јалови. Властите прво ја откажаа прославата, па потоа пак одлиучија да има прослава, но под безбедносни протоколи.

„Сакаме да го одбележиме крајот на годината на мирен, безбеден и организиран начин“, велат тие.

Хонг Конг

Хонг Конг може да се пофали со еден од најдобрите огномети во светот. Луксузните светла обично целосно го преплавуваат пристаништето Викторија.

Годинава на прославата го покануваат цел свет – односно подготвуваат стриминг уметнички спектакл што ќе се случи по повод новогодишната прослава.

Наводно, програмата вклучува неверојатни визуелни прикази, при што фасадата на зградата наречена М +, инаку првиот глобален музеј на современата визуелна култура, целосно ќе биде претворена во голем часовник.

Дубаи
Photo by Mohammed Shamaa on Unsplash

Дубаи

Дубаи влезе во Гинисовата книга на рекорди во 2014 година благодарение на најголемиот огномет во светот – испукаа околу половина милион индивидуални огномети за шест минути на 400 различни локации на брегот.

Годинава планираат спектакл со огномет во чиј центар ќе биде Бурџ Калифа, а сите посетители се птсетуваат дека треба да се пријават за да ја добијат потребната шифра за присуство на прославата.

Вештачката интелигенција и лекувањето на вируси
Одбележување на Меѓународниот ден на толеранцијата