
Интернет корисниците поставуваат многу прашања, а ги има и за Македонија. Македонија не е многу популарна, но нашите проблеми се популарни. Вебсајтот https://answerthepublic.com/ ги анализира најчесто поставуваните прашања на корисниците на интернет за некоја тема. И ако напишете Македонија ќе видите кои се прашањата што го мачат светот. Генерално се однесуваат прашања за нашите проблеми. Проблемот со името, со Грција, не влегувањето во ЕУ и најново проблемот со Бугарија. Во однос на прашањето „зошто“ најчесто се пребарува „Зошто Македонија го промени името„ или „Зошто не е во ЕУ“. Во однос на прашањето „каде“ корисниците ги интересира најмногу „Каде се наоѓа Македонија“. Во однос на прашањето „кој“ корисниците се интересирале „Кој ја освоил Македонија“, „Која е Северна Македонија“ и „Кој ја основал Македонија“.
Сите прашања погледнете ги на графиконот подолу.