ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
21.02.2022
Кои се најинтелигентните славни личности?

Кога станува збор за славни личности, мислењето за нивната интелигенција е поделено и многумина сметаат дека тие не се пример за најинтелигентни личности. Но, резултатите го покажале спротивното. Погледнете ја листата, а некои од нив сигурно ќе ве изненадат.

  1. Ashton Kutcher

Ѕвездата од серијата „Луди 70 – ти“ има коефициент на интелигенција 160. Познат е како автор, бивш модел и американски глумец. Студирал био инженеринг со цел да пронајде лек за својот болен брат.

  1. Lisa Kudrow

Ѕвездата од серијата „Пријатели“ има коефициент на интелигенција 154. Дипломирала во Универзитетот Васар. Да стане докторка – била нејзината прва желба, но сепак се остварила како глумица.

  1. Quentin Tarantino

Неговиот коефициент на интелигенција изнесува 160, идентичен како и кај Алберт Ајнштајн.

  1. Sharon Stone

Се смета дека коефициентот на интелигенција на оваа убавица е 154.

  1. Natalie Portman

Коефициентот на интелигенција на оваа глумица изнесува 140. Дипломирала психологија на Харвард, каде била и асистентка, а потоа се запишала и на постдипломски студии на Универзитетот во Ерусалим. Таа е полиглот, односно зборувала течно повеќе од пет светски јазици.

  1. Mayim Bialik

Коефициентот на интелигенција на оваа глумица е меѓу 150 и 163. Многумина ја знаат како невробиолог од серијата „The Big Bang Theory“, но таа навистина е невробиолог затоа што имала докторат по невронаука во Универзитетот во Калифорнија.

  1. James Woods

Овој глумец и продуцент го држи врвот во оваа листа, затоа што неговиот коефициент на интелигенција е меѓу 180 и 184. Неговата првичната желба била да стане очен хирург, но потоа се запишал на менаџмент и информациски технологии. Пред дипломирањето ги напуштил студиите за да се насочи кон глумата.

  1. Steven Martin

Легендарниот комичар, студирал филозофија, но неговата животна судбина го однела во друг правец. Неговиот коефициент на интелигенција изнесува 142.

  1. Shakira

Нејзиниот коефициент на интелигенција изнесува 140. Ова многу говори за оваа изнворедна пејачка.

  1. Madonna

Коефициентот на интелигенција на Мадона е идентичен како на Шакира, односно изнесува 140.

  1. Arnold Schwarzenegger

Коефициентот на интелигенција на нашиот омилен Терминатор е меѓу 132 и 135.

  1. Nicole Kidman

Иако неодамна признала дека не го завршила средното образование, сепак нејзиниот коефициент на интелигенција изнесува 132.

Легендарните „Пријатели“ цензурирани во Кина

  1. Jodie Foster

Нејзиниот коефициент на интелигенција изнесува 132. Познато е дека почнала да чита книги од кога имала само 3 години. Дипломирала на книжевност и добила докторат за ликовна уметност.

Макфест 2024 – се е подготвено за старт
Која е Барбара Буч, контроверзната личност од отворањето на Олимпијадата