ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
01.06.2022
Кои се предизвиците на младите кои почнале сопствен бизнис?

Сведоци сме дека младите се’ почесто се одлучуваат да започнат свој бизнис, а денеска ќе поразговараме со двајца млади кои имаат свој бизнис. Кирил Ѓуров од Гевгелија има 22 години и е еден од основачите на 3D Printhouse. Од другата страна ја имаме Марија Кутуловска од Гостивар која е студент по медицина, а своето слободно време го користи за да создава природни пилинзи за тело.

Марија Кутуловска

Кај овие двајца млади, идејата за свој бизнис започнала уште во средношколските денови кога сфатиле дека не сакаат да чекаат пари за кафе од дома, туку да ги заработат самите. Марија освен тоа што создава пилинг за тело, е и фитнес тренер, а Кирил работи и како келнер во хотел во Гевгелија.

Кирил Ѓуров

Почетоците се секогаш тешки

  • „3Д принт е технологија која последните неколку години направи голем чекор кај нас. Почетокот беше тежок. Се сретнавме со многу проблеми и многу нови работи, но со напорна работа успеавме да ги совладаме.“, вели Кирил.
  • „Имаше моменти кога сакав да се откажам од се, но со добра организација, може се’ да се постигне.“ надополнува Марија.

 

Пилинг за тело

Креирањето на нови работи и желбата за соработка со други луѓе се заеднички особини на овие двајца млади. Кирил вели дека сега воопшто не размислува дека некогаш ќе прекине да го работи ова. Марија им препорачува на сите да го работат она што го сакаат, без разлика колку изгледа невозможно на почетокот.

Социјалните мрежи како избор за рекламирање?

  • „Со оглед на тоа што започнавме од тоа како се прави најобичен приврзок, а сега имаме цел наш деловен простор, сфативме дека напорната работа е она клучното за еден бизнис да расте и да биде успешен. Секако, да не заборавиме дека и рекламирањето на социјалните мрежи е од голема корист за развивање.“,  вели Кирил.

 


Марија исто така ги користи социјалните мрежи за промоција, а главна мотивација за да продолжи да создава природни пилинзи за тело и е тоа што се добро прифатени од нејзините клиенти.

Од играње игри на компјутер , ни се роди идеја да креираме своја ИТ freelanсе група

  • „Почнав со создавање на пилинг за тело и сега гледам дека сум го направила вистинскиот избор. Среќна сум кога ќе ми пристигнат пофални зборови и кога гледам дека клиентите се повеќе се зголемуваат. Во иднина планирам да го проширам својот бизнис со уште производи кои ќе бидат целосно природни.“

Желбата на Кирил да се биде прв во Гевгелија со ваков бизнис е повеќе од остварена. Марија вели дека чувството на крајот од продуктивниот ден е преубаво. И двајцата на крајот се согласија со една порака кон сите оние кои се мислат дали да започнат нешто свое.

„Верувајте во себе и инвестирајте во тоа што го посакувате од мали. Не чекајте од никого, туку станете самостојни. Само напорната работа ќе ве однесе таму каде што добрата среќа ќе ве пречека.“

 

(Аудио) Силата на еден став
Какви ќе бидат политиките на Трамп кон Балканот?