
Љупче Михајлов и Марија Анчева се најдобрите спортисти на Штип за 2025, програсени на традиционалната свечена манифестација. Титулата на спортист на годината припадна на Љупче Михајлов, член на Карате клуб-Штип, додека за најдобра жена-спортист за 2025 беше прогласена Марија Анчева , член на ракометен клуб „Астибо“.

За Љупче ова признание претставува мотивација за уште поголеми успеси и понатаму. Додека, за Марија ова претставува потврда за препознавањето на нејзиниот труд и посветеност, како и огледало на безбројните часови посветена работа и дисциплина.
И двајцата спортисти, зад нив бројат повеќе успеси и медали со кои се стекнале во текот на нивната спорстка кариера. Како и секој успех, така и овој не е без предизвици. Во изминатата година, Марија и Љупче се соочиле со неколку предизвици за претстојните натреправи, но успешно ги надминале.
„Најголемиот предизвик со кој се соочив оваа година на клупско ниво беше остварувањето на најдобриот пласман во историјата на ракометот во Штип – избореното место во Супер лигата на Македонија. Тоа беше цел што бараше огромна посветеност, континуирана работа и тимска жртва. Патот до Супер лигата не беше воопшто лесен, исполнет со напорни тренинзи, силна конкуренција и голем притисок, но токму тие предизвици нè направија посилни како тим. Овој успех е резултат на заедничка борба, дисциплина и верба дека можеме да испишеме нова страница во ракометната историја на нашиот град.“, вели Марија.

Screenshot
Додека Марија е вклучена во тимски спорт, Љупче индивидуално се соочува со неговите предизвици. Но, според него, тие се само мотивација за подобар резултат.
„Најголем предизвик оваа година ми беше самиот почеток на годината, во кој изгубив некоректно во полуфиналето на Европското првенство, а сега ми представува уште поголем предизвик златниот медал на истото.“, вели Љупче.
Студентите од Македонија се враќаат со три медали од карате шампионат во Варшава
Покрај предизвиците, изминатата година, двајцата спортисти ја паметат и по успесите кои ги постигнале. За Марија најголемата победа претставува победата против екипата на „Пелистер“. Вели дека и е најдрага поради особениот тимски дух и борбеност кои ги покажале, но и поради нејзиниот победнички , одлучувачки гол. За Љупче, пак секој натрепревар преставува успех и олицетворение на неговиот посветен труд и работа.
Тој карате започнал да тренира од својата седма година, а денес, во неговата 13 годишна кариера и градење на дисциплина го издвојува третото постигнато место на Европското првенство во 2022 година како натпревар кој најмногу му оставил белег.

Во однос на поддршката од институциите, двајцата спортисти се согласни со нивните ставови. Иако младите досега имаат одредена поддршка од институциите, сепак потребно е многу повеќе да се вложува во нивниот развој.
„Младите спортисти имаат потенцијал, енергија и желба за успех, но за да го достигнат својот максимум им се потребни подобри услови, континуирана поддршка и вистински можности.“, вели Марија.
На младите и идни спортисти, тие им препорачуваат никогаш да не се откажуваат и да вложуваат сѐ од себе.
„Ги чека долг пат со предизвици и искушенија, со порази и победи, најважно од сѐ е да не де откажуваат, упорноста носи медали.“, вели Љупче.
Иако медалите и наградите се важни, спортот е многу повеќе од тоа.
„Спортот не се само натпревари и резултати, тој создава нови пријателства, учи на дисциплина, одговорност и истрајност и ја гради самодовербата. Преку спортот се учат животни лекции што остануваат засекогаш. Уживајте во секој тренинг и во секој натпревар, затоа што токму во процесот на растење и напредок е вистинската вредност на спортот.“, вели Марија.