ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
11.11.2022
Колку е издржлив најмоќниот телефон
Автор: Goce Author

Asus ROG Phone 6 Pro е моделот на еден од најмоќните гејмерски телефони кој беше објавен во јули оваа година. Многумина се прашуваа колку е издржлив овој модел кој на минатогодишниот тест на моделот ASUS ROG Phone 5, не беше толку успешен.

На познатиот YouTube канал JerryRigEverything, јутјуберот Zak направи тест на свиткување и гребење на овој модел.

Екранот Gorilla Glas Victus може да се гребе до шесто ниво на скалата на Мос. AMOLED дисплејот трае околу 30 секунди на изложеност на оган со што изложената област станува црна и не се опоравува.

Овој телефон е со страни направени од алуминиум, а копчињата можат да се менуваат. Системот на камерата е направен од стакло.

ASUS ROG Phone 6 Pro падна на тестот за свиткување. Екранот остана не допрен, но нефункционален.

Од ваков вид на испитувања се доаѓа до заклучок дека, гејмерските телефони не се направени за да бидат издржливи, туку да нудат најдобри перформанси и одличен хардвер.

(Видео) Нов трејлер за GTA 6, но играта се одложува до 2026 година
Ова е онлајн играта Навигатор – преку неа младите ќе учат за човекови права