ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
02.05.2022
Колку младите во Македонија  користат ,,Фејсбук’’ и ,,Инстаграм’’ ?

„Фејсбук”, „Инстаграм’’, ,,Ватсап’’ и ,,Месинџер’’ на овие четири апликации дневно се најавуваат 2,82 милијарди луѓе. Логично, Азија-Пацифик има најголем број дневни активни корисници на ,,Facebook’’.  Во Европа, 309 милиони го проверуваат својот Фејсбук профил дневно, а 195 милиони луѓе го прават истото во САД и Канада. Ако користите Фејсбук, поголема е веројатноста да ги користите другите апликации кои се сопственост на Мета.

74,7% од корисниците на ,,Facebook’’ користат и ,,YouTube’’

72,2% од корисниците на ,,Facebook’’ користат и ,,WhatsApp’’

78,1% од корисниците на ,,Facebook’’ користат и ,,Instagram’’

Фото: Unsplash

Во нашето истражување, откривме и дека корисниците на Фејсбук имаат најмала веројатност да користат и ,,TikTok’’ и ,,Snapchat’’, две платформи кои генерално привлекуваат помлада публика. Во светот, Фејсбук е најпопуларната мрежа за социјални медиуми за мажи и жени на возраст од 35-44 години. Фејсбук е најмалку популарен кај жените на возраст од 16-24 години, а само 7,3% од анкетираните жени ја навеле платформата ,,Facebook’’ како нивнa омиленa.

56,6% од корисниците на ,,Facebook’’ се мажи.

Зборувајќи за машката и женската демографија, вреди да се спомене дека повеќе од половина од корисниците на Фејсбук се машки, а жените ги сочинуваат преостанатиот 43,4%. Возрасната граница за мажи корисници на  фејсбук е 25 – 34 години.

Според демографските податоци со најмал дофат на корисници се од 13 до 17 години и над 65 години.

Во Македонија, повеќе од половина на населението, поточно 1,75 милиони се интернет корисници.
Фејсбук ја ограничува употребата на својата платформа за луѓе на возраст од 13 и повеќе години, па затоа вреди да се истакне дека 52,8% од „подобната“ публика во Македонија користи Фејсбук во 2022 година.

Статистика за Фејсбук во Македонија

На почетокот на 2022 година, 44,4% од корисниците на Фејсбук во Македонија e женска, додека 55,6% e машка. Податоците објавени на разни реклами на ,,Мета’’ покажуваат дека ,,Фејсбук’’ имал 945,1 илјади корисници во Северна Македонија на почетокот на 2022 година. Додека ,,Инстаграм’’ имал 809,4 илјади корисници од Македонија на почетокот на 2022 година.

Разликата во корисници на ,,Фејсбук’’ и ,,Инстаграм’’ не многу голема, но колку навистина од младите ги користат овие платформи и која е повеќе популарна?

Каква е ситуацијата кај вас? Користите ли Фејсбук или Инстаграм и колку време поминувате онлајн? Одговорете на анкетата во продолжение.

 

Патувачки пропусници за Европа за млади до 18 години
Користењето на дигитални алатки – нов пристап за образованието