ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
01.08.2025
Колку навистина чини високото образование?

Запишувањето на факултет е еден од најголемите предизвици со кои секоја година се соочуваат илјадници средношколци. Високото образование не е само надоградување на веќе постоечките знаења, туку ново поглавје во животот од кое во најголема мера зависи иднината на младата индивидуа.

Неретко се поставуваат илјадници прашања и нејаснотии поврзани со „реалната слика“ на високото образование, предизвиците со кои се соочуваат студентите, студентскиот живот, самотијата, но и тоа колку навистина чини високото образование.

Во сите универзитети во Република Македонија на почетокот на секој семестар се плаќа партиципација која варира во зависност од тоа дали станува збор за државен или приватен универзитет. Покрај задолжителната партиципација, студентите се соочуваат со други трошоци поврзани со самиот факултет, дополнителниот материјал, но и останатите трошоци кои ги носи студентскиот живот.

Марија Мицевска

„Покрај основната партиципација за студиите, реалните трошоци за еден студент во текот на семестарот можат да бидат значително повисоки, зависно од индивидуалните околности. Пред сѐ, постојат континуирани трошоци поврзани со набавка на стручна литература, скрипти, законски текстови и други наставни материјали, кои можат да достигнат износ од неколку илјади денари по семестар. Не смеат да се занемарат и административните трошоци, како такси за пријавување испити, печатење документи и слично.

Тоа е сѐ од страната на студиите, а покрај тоа, јас која не живеам во Скопје, имам дополнителни трошоци за пат, сместување и потреби. Реално гледано, севкупните семестрални трошоци (исклучувајќи ја партиципацијата) можат да достигнат износ од 10.000 до 15.000 денари, а во одредени околности и повеќе“, вели Марија Мицевска, студент на „Јустинијан Први“ при УКИМ-Скопје.

Високото образование чини повеќе од што плаќаат студентите

Висината на трошоците на еден студент варира од тоа дали тој студира во својот роден град кадешто трошоците се значително пониски или студира во друг град во кој треба да обезбеди место за живеење, храна и индивидуални трошоци.

Александар Величков

„Покрај самата партиципација, која зависи од тоа дали си во државна или приватна квота, треба да се сметаат и некои дополнителни трошоци како што се скриптите и книгите кои се движат од 1000 до 2000 денари по семестар, а тоа зависи и од самите предмети. Исто така дополнителни трошоци се јавуваат и во однос на храната и пијалоците што на дневно ниво би можеле да изнесуваат од 200-300 денари.

Јас бидејќи живеам во Штип, не знам како се движат цените за превозот од еден до друг град за студентите кои не се од Штип, но просечно картата е од 500-1500 денари. Доколку си сместен во Штип трошоците изнесуваат од 1000 до 2000 денари во студентски дом и 6000 до 8000 денари во приватно сместување на месечно ниво“, вели Александар Величков, студент по Општа медицина при УГД-Штип.

Студентите сакаат квалитетни универзитети и измени во финансирањето

Државата како финансиска помош на студентите во текот на академскиот период обезбедува субвенциониран студентски оброк кој изнесува 140 денари за секој работен ден, а исто така нуди стипендии согласно различни категории на студенти кои може да го олеснат нивниот живот.

Кочани ќе одбележи една година од големата трагедија
Студирање и работење – секојдневие за студентите