ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
02.10.2024
Колку повеќе младите се медиумски вклучени и описменети, толку е поголем нивниот граѓански и политички активизам
Автор: Goce Author

Треба медиумско ангажирање и описменување на младите луѓе, за да порасне и нивниот граѓански и политички ангажман. Ова особено е важно ако се знае дека учеството на младите во јавниот живот е ниско, па активирање во ова поле значи и почеста проверка на вистинитоста на информациите и поголема доверба во сопствените потенцијали да ги препознаат дезинформациите. Истовремено, загрижува тоа што скоро четвртина од младите се наоѓаат во критичните нивоа на зависност од социјалните медиуми, каде најчесто се информираат за тековните настани. Младите покажуваат и пасивни навики поврзани со следењето вести, што во спротивно би ги направило поупатени за некоја тема, а со тоа и поактивни и поагажирани. 

Во публикацијата „Поттикнување на граѓанскиот активизам на младите луѓе преку медиумско ангажирање“ се презентирани повеќе вакви наоди и заклучоци, како дел од истражувањето што Институтот за комуникациски студии (ИКС) го спроведе со испитаници на возраст од 18 до 29 години.

Околу навиките за вести на младите, во документот стои дека тие се растени во семејства каде се следеле телевизијата и весниците, но сега традиционалните медиуми ја губат моќта врз младите.

„Тие ги претпочитаат социјалните мрежи (најчесто Инстаграм, па потоа и Фејсбук, ТикТок, Јутјуб) како најатрактивен начин за пристап до вестите. Ниту полот/родот, ниту местото на живеење (урбана/рурална средина), ниту возраста не се значајни варијабли, сите подеднакво често ги користат социјалните медиуми“, велат истражувачите.

По мрежите, најчести извори на информации им се семејството, пријателите и колегите, потоа генераторите на вести, експертите со своите јавни профили, па потоа телевизиите, радијата и весниците. И инфлуенсерите и јутјуберите им претставуваат извори за информирање, како и специјализирани веб-страници или стручни списанија.

„За младите карактеристично е пасивното консумирање вести: речиси две третини се изјасниле дека најчесто наидуваат на вести додека прават други работи, а само една третина од нив активно бараат вести и информации“, посочуваат истражувачите.

Младите луѓе имаат потреба да разговараат усно (лице в лице) или онлајн со пријатели и колеги за вестите што ги читаат (почесто женските, а и да ги читаат коментарите на објавите на социјалните медиуми.

Интересно е што младите се заинтересирани за вестите за здравје, но не и за спорт. Ги интересираат вестите за војните во светот, но не и за социјалната правда.

„Нивните интереси во голема мера се одредени од полот и местото на живеење, па така, на пример, машките повеќе ги интересираат вестите од политиката6, војните во светот, бизнисот и економијата и спортот. Женските, пак, имаат повеќе интерес за вестите за забава, познати личности и животен стил. Вестите за култура (филм, музика, уметност, книги), социјална правда (родова или етничка нееднаквост, ЛГБТ+ права и сл.), како и за климатските промени и животната средина се поинтересни за младите од урбаните средини“, посочуваат истражувачите.

Околу зависноста од социјалните мрежи, младите чувствуваат потреба да ги користат сѐ повеќе во голем дел од денот и поминуваат многу време размислувајќи и планирајќи како да ги употребуваат. Неретко се обидуваат, но неуспешно, да го намалат нивното користење.

„Споделувањата, лајковите и коментарите на овие платформи го активираат мозочниот центар за наградување, што резултира со високо ниво допамин, слично на она што луѓето го чувствуваат кога се коцкаат или користат дрога. Овој тип зависност спаѓа во категоријата зависност во однесувањето“, се вели во документот.

Според истражувачите, кај лицата што се зависни од социјалните мрежи може да се забележи: појава на вознемиреност, особено во случај кога нема достапност до социјалните мрежи. Понатаму, постојано се проверува телефонот кога ќе се слушне звукот за известување, при поставување слика на социјалните мрежи постојано се проверуваат коментарите и допаѓањата (лајковите), а, воедно, користењето на социјалните мрежи е првото и последното нешто во денот, односно е вообичаена рутина. Настаните, пак, се проценуваат според тоа колку се вредни за „прикачување“.

Во однос на дезинформациите, младите се уверени дека умеат да препознаат дезинформации.

Извор: Радио МОФ. Целата вест може да се види ОВДЕ

Од 1 до 30 октомври ќе може да се аплицира за продолжување на правото на студентска стипендија
Зошто САД се плашат од ТикТок?