ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
22.12.2025
Kолку „просечни плати“ чини купување дом во Македонија?

Кога млад човек во Македонија ќе каже „сакам да купам куќа/стан“, тоа звучи како нормален животен план. Во пракса, бројките покажуваат нешто друго: за дом ти требаат двоцифрен број години приходи – и тоа ако замислиме дека целиот приход оди само за купување, без животни трошоци.

Илустрација: ВИ

Ова се мери со индикаторот Price-to-Income Ratio – односот меѓу цената на недвижностите и приходите. Колку е повисок, толку е потешко да се дојде до свој дом.

Македонија: во регион што е скап, Македонија е уште поскапа за млад човек

Според Numbeo, Северна Македонија е околу 12.3 – што грубо значи дека домот чини околу 12+ годишни приходи. (Numbeo)

Во регионот ситуацијата не е многу поразлична:

  • Хрватска ~12.8, Црна Гора ~12.9, Грција ~13.0 – слично тешко.
  • Србија ~14.83 и Албанија ~16.3 – уште потешко.
  • Бугарија ~8.39 – значително подобро од Македонија во оваа мерка.

Поентата за млади: ако немаш наследство, помош од дома или силен приход (особено приходи од странство), купување дом со „просечна македонска плата“ е проект што се ќе трае преку 35 години — и често се претвора во кредит што ја јаде иднината.

Големите играчи: Германија и САД изгледаат „попристапно“, а Кина како да купувате стан на друга планета?

За контраст, Numbeo покажува:

  • САД ~3.35 – далеку пониско, значи далеку подостапно според оваа мерка.
  • Германија ~8.89 – иако е „скапа“ земја, односот цена/приход е значително подобар од Македонија.
  • Кина ~28.53 – екстремно високо; во голем дел од урбаната Кина домувањето е практично недостижно за просечен приход.

На светската мапа, интересно земјите кои се декларираат како комунистички, Кина и Куба, се земјите каде е најтешко да се дојде до дом. Во Куба се потребни близу 50 годишни плати за да дојдете до куќа. На врвот на листата со најлесно достапни домови се Оман, Јужна Африка и САД.

 

Оскарите со измени поради војната?
Светски ден против дебелината: младите се сѐ по дебели