ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
02.03.2022
Комисија за заразни болести: Да се укинат Ковид сертификатите за влез во моловите
Автор: Goce Author

Комисијата за заразни болести денес даде препорака да се укинат сертификатите за Ковид во моловите освен на местата во нив каде што се служи храна. Тоа значи дека сертификатите за рестораните остануваат на сила.

Укинувањето на Ковид сертификати за посета на молови, како што рече претседателот на комисијата д-р Александар Петличковски, е еден чекор за олеснување на реструктиивните мерки, а за други олеснувања внимателно ќе ја следат ситуацијата зашто не сакаат со нагло отфрлање на сите заштитни мерки да постигнат неочекувани резултати.

„И оваа мерки за моловите не е целосно укината. Се̍ уште остануваат контролни механизми кои ќе го контролираат пренесувањето на вирусот во затворени простории, во делот каде што ќе биде служена храна, ќе мора да покажете сертификат, па да ја симнете маската. Постепено ќе се релаксираат мерките и не би требало да дадат било каква импликација во зголемување на бројот на новозаразени“, рече портпаролот д-р Злате Мехмедовиќ.

За да се релаксираат повеќе мерките потребно е поголем опфат на вакцинацијата. Сега за сега останува 41% од населението вакцинирано. Од денес ризичните групи ќе добиваат СМС порака со термин и локација за вакцинација. Тоа се оние групи на граѓани над 65 години кои имаат коморбидитети и оние помлади од 65 години, кои имаат поголем број коморбидитети. Вакцинацијата ќе се спроведува во Здравствените домови, а матичните лекари ќе треба да ги потсетуваат нивните пациенти да се вакцинираат.

„По пресметките од Мој термин, 260.000 граѓани спаѓаат во таа високоризична група, од нив 130.000,  односно половината не се целосно вакцинирани, а останатиот дел немаат примено бустер доза. Вакцинацијата треба да биде основа за понатамошно релаксирање на мерките“, рече Мехмедовиќ.

За тоа што заклучокот за продолжување на рокот на сертификатот за прележан ковид-19 не е усвоен на Влада, од Комисијата рекоа дека не се работи за блокада, туку сигурно за административна пречка.

Кариерен ден на УГД – за полесен избор за средношколците
Избрани единаесет нови гласови на „Отскочна даска“