ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
08.11.2024
Конференција за социјално претприемништво на Младински сојуз
Автор: Goce Author

Од 7 до 10 ноември во Крушево се одржува Меѓународната конференција “Екосистем на социјално претприемништво: како до општествена поддршка на социјалната економија”.

Организатор на овој настан е Младински Сојуз на Македонија, а целта е поврзување и вмрежување на чинители важни за социјалното претприемништво од регионите Западен Балкан и Вишеград. Со ова се очекува зајакнување на мрежата на социјални претпријатија во овие региони и поттикнување на иновативни решенија за одржлив развој.

Конференцијата вклучува 68 претставници на мрежи, граѓански организации и социјални претприемачи од 10 земји (Северна Македонија, Србија, Бугарија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словачка, Чешка, Унгарија и Полска), кои преку низа на интерактивни сесии и активности ќе разменуваат искуства, експертиза, знаења и идеи за градење на посилен екосистем на социјално претприемништво.

НМСМ очекува новото министерство да креира и спроведува квалитетни младински политики

Дали средината овозможува поддршка за социјално претприемништво? Какво значење имаат пристапот до финансии и човечкиот капитал при основањето на социјални претпријатија? И колку е важна соработката помеѓу државните институции, граѓанскиот сектор и заедницата на претприемачи, за развој на социјалната економија во државата и регионот? – се само дел од прашањата кои ќе бидат одговорени за време на овој тридневен настан.

Конференцијата е централна активност на проектот “Барометар на социјалното претприемништво” поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност преку Еразмус плус програмата.

10 општини подготвени за оптимизација на училиштата
Невладини: Кратењето на буџетот – катастрофа за борбата против ХИВ