ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.09.2022
Конференција „Европски вредности за иднината на земјите во ЈИЕ“
Автор: Goce Author

Од денеска до понеделник (3 октомври) во Крушево се одржува Меѓународната младинска конференција „Европски вредности за иднината на земјите во Југоисточна Европа“. Ова е 20-то, јубилејно издание на конференцијата која ја организира Младински Сојуз Крушево.

 

Над 80 млади луѓе, активисти и идни лидери од 19 држави (Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Италија, Романија, Србија, Словенија, Турција, Германија, Франција, Полска, Словачка, Унгарија и Чешка) ќе можат да говорат и разменуваат мислења, ставови и идеи за европската иднина на регионот и суштината на европските вредности.

Оваа Конференција, како платформа за регионална соработка, веќе дваесет години по ред гради нови генерации на млади лидери, преку зголемување на младинските капацитети за носење на одлуки и заеднички настап за остварување на младинска соработка и интерес.

Главната цел на конференцијата е да се дадат конкретни младински одговори на едни од најгорливите прашања за регионот со фокус на европската интеграција, во форма на Блупринт со конкретни младински предлози и препораки кои ги опфаќаат донесувачите на одлуки, но и младите од регионот.

Можност за волонтирање во младинска организација во Штип

На конференцијата ќе се обратат германската амбасадорка Анке Холштајн, поранешната вицепремиерка за европски интеграции во Северна Македонија Радмила Шекеринска, поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, поранешниот министер за надворешни работи во Грција Никос Коѕијас, евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир и други.

Конференцијата е организирана со поддршка на Германската Амбасада во Скопје, а во соработка со Регионалната младинска канцеларија за соработка, Фондацијата „Фридрих Еберт”, Регионалниот Совет за соработка и Германската Фондација „Фридрих Науман”

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?