ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.10.2023
Конкурс „Амбасадорка на ден“ на Шведската амбасада
Автор: Goce Author

Амбасадата на Шведска во Скопје распиша конкурс за позицијата „Амбасадорка на ден“ како дел од глобалната иницијатива #GirlsTakeOver, според која девојките заземаат позиции на моќ по повод  11 Октомври – Меѓународниот ден на девојките.

Може да конкурираат девојки над 15 години, кои се грижат за родовата еднаквост, еднаквите можности за жените и девојките, како и за ставање крај на насилството врз жените и девојките. Како што информираат од Амбасадата, од кандидатката се очекува да ја следи амбасадорката во текот на целиот ден, да присуствува на состаноци, да соработува со персоналот на Амбасадата и да учествува во целокупните дневни активности на Амбасадата.

Родова еднаквост за надминување на демографската криза

 

На крајот од работниот ден, ќе треба да даде краток извештај за работата што ја завршила. Работното време ќе биде од 08:30 со 16:30 часот.Сите заинтересирани кандидатки може да се пријават до 10 ноември, на е – пошта: ambassaden.skopje@gov.se, и да достават мотивациско писмо, кратка биографија, како и писмена согласност од родителите за девојчиња на возраст од 15- 18 години.Кандидатката која ќе биде избрана, ќе биде известена  во текот на декември, а од неа се очекува да ги изврши своите должности во текот на Денот на жената – 8 март.

 

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?