ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
30.09.2024
Конкурс „Штедењето – наша навика и наша потреба“
Автор: Goce Author

Светскиот ден на штедењето, 31 октомври, е повод Народната банка (НБ) и Министерството за финансии традиционално, дванаесетта година по ред,  да го објават Конкурсот за учениците од основното и средното образование. Целта на  Конкурсот е да се поттикне креативноста, имагинацијата, како и интересот на учениците за штедењето и едукација на младите за овој сегмент во финансиската сфера.

Крајниот рок за доставување на творбите е 18 октомври 2024 година.

Учениците од основното образование може да испратат литературна и / или ликовна творба на темата: „Штедењето – наша навика и наша потреба!“. За избраните 12 најдобри творби на учениците од основното образование ќе им бидат доделени  парични награди, и тоа: 3 награди за најдобар цртеж / дигитален цртеж за учениците од 1. до 5. одделение; 3 награди за најдобар цртеж / дигитален цртеж за учениците од 6. до 9. одделение; 3 награди за најдобра песна за учениците од 1. до 5. одделение и 3 награди за најдобар расказ за учениците од 6. до 9. одделение.

Учениците од средното образование може да испратат литературна творба ‒ есеј на темата: „Финансиската едукација на младите – основа за подобро управување со парите и заштита од финансиски измами во новото дигитално време“. За избраните 3 најдобри творби на учениците од средното образование ќе им бидат доделени парични награди.

Младите подобро управуваат со буџетот од повозрасните

Списокот на наградените ученици ќе биде објавен најдоцна до 31 октомври 2024 година, на интернет-страниците на Народната банка и на Министерството за финансии.

Народната банка и Министерството за финансии ги повикуваат заинтересираните ученици да достават творби на објавениот конкурс. Веруваме дека и оваа година Конкурсот ќе предизвика голем интерес меѓу учениците од основните и средните училишта во нашата земја и дека дополнително ќе го поттикне стекнувањето и развивањето на навиките за штедење.

Од 1 до 30 октомври ќе може да се аплицира за продолжување на правото на студентска стипендија
Кардиоваскуларните болести се сѐ почести меѓу населението