ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
11.01.2022
Конкурс за доделување на стипендии од Народна Република Кина
Автор: Goce Author

Владата на Народна Република Кина за учебната  2022/2023 година доделува  4 стипендии за  додипломски  (редовни), магистерски и докторски студии и специјализации (1 стипендија доделена од Владата на НР Кина и 3 унилатерални стипендии). Конкурсот е објавен на сајтот на Министерството за образование и наука, а ви го пренесуваме во целост.

Кандидатите потребно е да се пријават онлајн и да ги прикачат следните документи:

–       Пријавен лист  (пријавувањето е онлајн на www.csc.edu.cn/studyinchina или на www.campuschina.org, агенциски број 8071 пополнетиот формулар се доставува и во министерството).

–       Фотокопија од патната исправа: Кандидатите треба да достават скенирана копија од патната исправа со важност подоцна од 1 март 2023 година,

–       Фотокопии од свидетелствата за  завршните години од средно образование (за редовни – додипломски  студии)  преведени на англиски јазик или кинески јазик и заверени на нотар,

–       Фотокопија од дипломата за завршено високо образование  (за магистерски и докторски студии и специјализации) преведена на англиски јазик или кинески јазик и заверена на нотар,

–       Фотокопија од уверението за положени испити (магистерски и докторски студии и специјализации) преведена на англиски јазик или кинески јазик и заверено на нотар,

–       План за студиите (до 200  зборови за редовни студии, до 500 зборови за специјализации  и  до 800 зборови за магистерски и докторски студии),

–       Две препораки од универзитетски професори (магистерски и докторски студии и специјализации),

–       Лекарско уверение  (Foreigner Physical Examination Form) се пополнува на англиски јазик и треба да ги содржи сите наведени испитувања, да има потпис од доктор, официјален печат од здравствената установа и прикачена фотографија од кандидатот и со важност од 6 месеци.

–       Кандидатите кои се пријавуваат за студии во областа на музиката, покрај наведените документи треба да достават и ЦД со нивни музички изведби, а кандидатите кои се пријавуваат за студии по уметност, покрај наведените документи, треба да достават и ЦД со нивните уметнички творби (2 цртежа, 2 слики во боја и 2 творби по сопствен избор).

–       Уверение за неосудуваност да не биде постаро од шест месеци.

При аплицирањето кандидати можат да ги прикачат и следните документи:

–       Писмо за прифаќање  од избраниот универзитет (подетални информации на  htpp://www.CampusChina.org и www.csc.edu.cn/Laihua/universityen.aspx),

–       Потврда за познавање  кинески јазик (HSK сертификат) или англиски јазик (IELTS или TOFEL сертификат),

Краен рок за пријавување е 10.02.2022 година.

Кандидатите кои ќе се пријават онлајн за стипендии од Владата на Народна Република Кина, треба да достават копија од пријавниот лист (точка 1 од потребните документи) во архивата на Министерството за образование и наука до 10.02.2022 година.

Подетални информации може да се обезбедат и на тел: 02 3140 185/лице за контакт: Олга Дуковска-Атов, како и на интернет страните www.campuschina.org или www.en.csc.edu.cn/studyinchina.

Прифатените кандидати, студиите ќе ги започнат од септември 2022 година.

Изборот на кандидатите  ќе го изврши Амбасадата на НР Кина во Скопје.

 

Студентите си направија своја соблекувална во КБ Штип
Ние ја сакаме Европа, ама не сакаме ред – во чест на Горан Стефановски